YouTube ги дуплира рекламите на почетокот на видеата за да нема многу паузи

- Advertisement -

YouTube ќе ги дуплира рекламите на почетокот на видеата за да нема толку прекини при гледањето. Многу корисници на YouTubea не ги сакаат рекламите кои се појавуваат на почетокот и во текот на видеата, а популарниот видеосервис сега воведува промени. YouTube сега има решение за проблемот со рекламите и најави експериментално прикажување на две реклами на почетокот на видеата кои ќе може да се „прескокнат“. Тоа значи дека рекламите поретко ќе се појавуваат во текот на видеата, а од YouTube проценуваат дека ќе има до 40% помалку прекини поради реклами во текот на едно видео.

Тоа можеби не звучи многу, но од YouTube стигна реакција по по истражувањето кое покажа дека корисниците се прилично осетливи на честите паузи кога гледаат видеа, особено кога се гледаат подолги видеа. Промените за декстоп верзијата ќе бидат воведени годинава, а потоа следуваат промените за мобилната верзија. Исто така, овие промени веројатно се добра вест и за огласувачите затоа што од YouTube соопштија зголемен досег до корисниците за 8%-11% при првите тестови.

Сподели!
- Advertisement -