Илон Маск вели дека има 70% шанси тој да лета до Марс

- Advertisement -

Извршниот директор на Space X, Илон Маск, вели дека има 70% шанси тој лично да патува со првата мисија на компанијата до Црвената планета. Маск изјави дека верува оти истражувањето на Марс е многу повеќе од една фантазија на еден пребогат човек кој го користи патувањето до вселената како еден вид бегство.

Додаде и дека патувањето до Марс има реални ризици и веројатноста за смртност на патувањето е голема, дури и да се слета безбедно на планетата. Сепак, изгледа дека кај него нема многу двоумење дали ќе патува до Марс или не.

- Advertisement -

Тој за новата програма на HBO, Axios, изјави: „Многу е поголема веројатноста дека ќе умрете на Марс отколку на Земјата. Ќе биде тешко, има голема веројатност за смртност едно патување во мала ’конзерва‘ низ длабоката вселена. Мислиме дека ќе се вратиме назад, но не сме сигурни. Ви звучи ли тоа како ненакво си бегство на еден богаташ?“

Маск истакна дека додека летот до Марс несомнено ќе биде тежок, многу поголем предизвик претставува слетувањето на Црвената планета. „Можеби безбедно ќе слетаме и потоа постојано ќе ја градиме базата. Нема да има време за одмор. И сето тоа ќе го правиме во една сурова средина, па не се исклучува можноста да умреме таму“ објасни Маск.

- Advertisement -

Сепак, додава тој, напредокот на технологијата може да овозможи лет до Марс за најрано седум години, а билетот за тој лет би чинел неколку стотини илјади долари. Што се однесува на неговата решеност да оди на Марс, Маск додаде: „Многу луѓе се качуваат на високи планини. Луѓе  постојано умираат на Монт Еверест. Тие тоа го прават поради самиот предизвик“.

Сподели!
- Advertisement -