Кинеската социјална мрежа TikTok го освојува светот

- Advertisement -

Моменталниот поредок меѓу социјалните мрежи им е познат на сите. Тука е Facebook, кој и покрај големите проблеми се чини недопирлив; бројот на корисници на Instagram и понатаму расте; популарноста на Snapchat е во пад, додека важноста на Twitter е многу поголема од самиот број корисници.

Но, во последно време е се попопуларна кинеската социјална мрежа, односно апликацијата за објавување видеозаписи TikTok, која досега е преземена повеќе од 800 милиони пати, и тоа тука не се вклучени корисниците на Android во Кина. Многу познати личности, брендови и инфлуенсери сакаат да го искористат потенцијалот на мрежата, па профили на неа отворија Џими Фалон, Тони Хок и Џејк Пол, а се поголемиот број корисници влијае и на зголемување на приходите, кои последната година се зголемија повеќе од трикратно.

- Advertisement -

TikTok е слична на Vine, која беше популарна извесен период додека на пазарот не се појави Instagram. На оваа мрежа се објавуваат кратки видеа кои може да се уредуваат, да се забавуваат или да се забрзуваат, може да им се додадат различни филтери и слично, додека другите корисници можат да ги коментираат и да притиснат дека им се допаѓаат, па дури и да ги споделат на други платформи како Instagram и Twitter.

Мрежата ја стартуваше кинеската компанија ByteDance во 2016 година, а една година подоцна ја презедоа и популарната апликација за видеа Musical.ly, која неодамна ја споија со TikTok. Потоа почна да расте популарноста на мрежата во САД и во други земји, а според компанијата Apptopiа, која ги следи мобилните апликации, ова може да биде првата азиска социјална мрежа која ќе постигне долгорочен успех во САД.

- Advertisement -

Колку е популарна апликацијата зборува и фактот што и Цукерберг ископира некои од опции на TikTok – апликацијата Lasso исто така овозможува бројни опции како нивниот кинески конкурент, но не е ни приближно толку популарна ниту има голем број корисници.

Сподели!
- Advertisement -