Македонскиот стартап „Mама Орагана“ помеѓу најдобрите компании со импакт бизнис модел во Европа

- Advertisement -

Наталија Бугриева, сопственичката на компанијата „Мама Органа“, како единствен претставник од Македонија е избрана да учествува и да го презентира својот бизнис на годишната конференција на Europe Venture Philanthropy Association (EVPA)– „Нови граници за општествено влијание“, која оваа година се случува по четирнаесети пат на 29 и 30 ноември во Варшава, Полска.

Нашата преставничка по повод оваа конференција изјави: „Да се биде дел од најдобрите 14 стартапи кои креираат социјален импакт за ’Мама Органа‘ е од особена важност и ни причинува особена чест и задоволство, како и признание за целиот наш вложен труд. Со ова потврдуваме дека и во Македонија има компании кои во делот на иновативните социјални бизнис модели, се во ранг на европските. Можноста за креирање партнерства и соработки на европско ниво е огромна, а размената на искуства со учесниците ќе ни служи како насока во понатамошното соочување со предизвиците.“

- Advertisement -

„Мама Органа“ е една од компаниите која беше учесник во прединвестиционата програма на нашиот акцелератор и како дел од таа програма се презентираше на престижната конференција за социјални иновации и импакт инвестирање во Европа – CEE Impact Day, поддржано од Одделот за техничка поддршка на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (EFSE DF). На тој настан беше забележана од страна на ЕVPA како еден од потенцијалните и растечки бизиниси во Македонија.

Social Impact Lab продолжува со поддршка на импакт претпријатијата во различни форми нудејќи им можност да излезат од нашите пазари, да се збогатат со дополнително знаење, како би станале повидливи во светот на импакт инвеститорите.

- Advertisement -

И посакуваме успех на Наталија и Мама Органа и се надеваме на уште многу вакви локални инспиративни приказни!

Повеќе за конференцијата прочитајте на: https://conference.evpa.eu.com

Сподели!
- Advertisement -