Научници од Малезија тврдат дека создале дигитални мириси кои ќе може да се испраќаат во порака

- Advertisement -

Технологијата за дигитални мириси значи дека луѓето ќе можат да испраќаат секакви мириси преку пораки или преку апликации за запознавање. Истражувачи од Малезија тврдат дека создале овошни, дрвени и ментол електрични ароми со ставање електроди во носната шуплина на учесниците. Тие електроди стимулираат слаб електри;ен набој во носната шуплина и така ги возбудуваат невроните кои го хранат мозокот со различни мириси, тврдат научниците.

„Ова е дел од една интегрирана виртуелна или проширена реалност. На пример, ќе можете да имате виртуелна вечера со пријателите преку Интернет. Ќе можете да ги видите во 3Д и да се напиете по една чаша вино, но навистина да го осетите вкусот“ вели главниот истражувач, Адриан Чеок.

- Advertisement -

Истражувачите создале десет различни ароми за 31 учесник во истражувањето. Д-р Чеок верува дека еден ден мирисите ќе може да се испратат во дигитална форма преку Интернет, иако додава дека можеби за тоа ќе треба да почекаме неколку децении. Примателот на тие мириси ќе носи очила со електроди во нив за да може да ги почувствува.Чеок верува и дека може да им го врати осетот за мирис на луѓе кои го изгубиле поради болест или некоја повреда.

Сподели!
- Advertisement -