Huawei испорачал 6,9 милиони 5G телефони во 2019 година

- Advertisement -

Huawei објави дека до крајот на 2019 година испорачал 6,9 милиони 5G паметни телефони. Големата продажба е резултат на преданоста на компанијатабна истражување и развој на 5G технологијата, а со тоа дополнителни се зајакна и позицијата на Huawei како лидер на полето на 5G технологијата.

Huawei во 2019 година на корисниците им понуди осум модели на 5G паметни телефони: Mate 30 Pro 5G, Mate 30 5G, PORSCHE DESIGN Mate 30 RS, Mate 20 X (5G), nova 6 5G, Mate X, Honor V30 Pro и Honor V30. Сите тие поддржуваат 5G NSA и SA, со што се наметнуваат како одличен избор за потрошувачите кои бараат 5G уреди. Во понудата на Huawei има уреди од различни ценовни категории, па затоа дполнително е демократизиран 5G пазарот.

- Advertisement -

Huawei нуди цел спектар на 5G технологии: инфраструктурна 5G технологија, 5G мрежна опрема, 5G чипови и 5G уреди наменети за крајните корисници.

Сподели!
- Advertisement -