Samsung го претстави смартфонот на преклоп Galaxy Fold

- Advertisement -

По повод прославата на десетгодишнината од лансирањето на првиот Galaxy S уред компанијата Samsung Electronics воведе нова линија врвни паметни телефони Galaxy S10 и паметниот телефон со екран кој се преклопува Galaxy Fold. Линијата Galaxy S10 се состои од четири уникатни уреди и е осмислена да ги задоволи специфичните потреби на денешниот пазар за паметни телефони, така што потрошувачите со нив можат да направат повеќе отколку што можат да посакаат. Секој од уредите нуди искуство од новата генерација во категориите кои најмногу ги интересираат потрошувачите. Линијата Galaxy S10 (S10, S10e и S10 5G) на потрошувачите им нуди повеќе избори со целосно новиот, прв таков во светот, Dynamic AMOLED екран, камери од нова генерација и интелигентни перформанси.

 

- Advertisement -

 

 

- Advertisement -

Samsung Electronics го претстави и долго очекуваниот Galaxy Fold, паметниот телефон со екран на преклоп кој создава целосно нова мобилна категорија. Galaxy Fold е првиот телефон во светот кој го има 7,3-инчниот екран Infinity Flex Display, кој се претвора во компактен уред со капак за екранот. Galaxy Fold нуди нов начин на мултитаскинг, гледање видеа, играње игри и уште многу други работи.

„Samsung денес пишува ново поглавје во историјата на мобилните иновации со промена на се што може да се смени кај паметните телефони. Го направивме Galaxy Fold за сите кои сакаат да испробаат што се може да понуди еден врвен уред на преклоп надвор од ограничувањата на паметниот телефон“ изјавија од Samsung Electronics.

- Advertisement -

Galaxy Fold ги обединува сите технолошки иновации развиени во текот на осумте години по дебито на првиот флексибилен прототип на екран на Samsung во 2011 година. Внатрешниот екран не само што се витка, туку Samsung изуми нов полимер и создаде екран за околу 50% потенок од типичниот екран. Galaxy Fold се отвора лесни и природно како да отворате книга и се затвора во рамен и компактен уред со помош на еден клик.  Од ерканот, куќиштето до секој елемент кој можете да го видите и да го допрете е обработен и одново дизајниран. Скенерот за отпечаток од прст се наоѓа на страната каде што природно го ставаме палецот. Galaxy Fold го има во сребрена, црна, зелена, сина боја и со изгравиран логотип на Samsung.

 

 

 

Galaxy Fold ќе биде достапен и во LTE и во 5G во вториот квартал од 2019 година по почетна цена од 1.980 долари.

Сподели!
- Advertisement -