„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење
Јас знаев дека се 6, но еве ова истражување кажува дека хормонот на стресот (кортизол) останува во крвта само 90 секунди од моментот на создавањето, кога сме под влијание на некоја стресна ситуација. Тоа значи дека целото друго време кое го минуваме во стрес (или во друга негативна емоција), нема врска со емоцијата, туку со мозокот. Со нашите мисли. Ако престанеме да мислиме на таа стресна ситуација и не и даваме енергија, туку ја прифатиме и рационално размислуваме, нашиот стрес може да се сведе на неколку секунди на ден.
Ова мора да кажам дека функционира како техника во практиката и е на некој начин поткрепено со истражување на пазарот. На неколку од последните обуки за продажба, кога сме зборувале со учесниците за емоциите во продажбата, секогаш ја кажувам техниката за 6 секунди. Јас некаде прочитав дека 6 секунди траела секоја хемиска реакција на која било емоција, а потоа сè друго е мозокот што ја јакне или ја намалува таа емоција и реакција. После правење на рефлексија, за тоа што им останало од претходниот ден, најголем број од нив кажуваат дека техниката за „6 секунди” за справување со стресни ситуации им оставила најголем впечаток. И дека не само што им се допаѓа, туку и ја користеле во секојдневните ситуации, на работа и дома.
Дали се 6 или 90 не е важно. Важно е дека се неколку секунди каде што телото реагира природно и нормално (хемиски) на секоја емоција. Сè друго е мозокот. Намалете со мислењето и пролонгирање на негативните состојби беспотребно, и искористете ја оваа техника со цел да ги намалите негативните и стресни ситуации во текот на денот.
Со успех во промените,
Петар Лазаров, член на тимот