Поради мобилните телефони се почесто имаме повреди на вратот, на рбетниот столб, но и на лицето

- Advertisement -

Немојте да пишувате пораки додека одите, да “лајкате фотографии” или да гледате видеа. Повредите поврзани со користењето мобилни телефони се во пораст, особено кај младата популација, покажа најновата анализа на повредите поради кои луѓето биле примени во американските итни служби.

Бројот на повреди на вратот, лицето, очите, носот, ушите, главата се во драстичен пораст изминатите неколку години, а голема заслуга за тоа има користењето мобилни телефони, особено пишувањето на телефон и истовремено управувањето со автомобил или одење, главно кај популацијата на возраст од 13 до 29 години, пренесува CNN.

- Advertisement -

Раните на лицето и на главата се најчести повреди, потоа следуваат потресите на мозокот, површните повреди на кожата и повредите на внатрепни органи, покажа истражувањето кое го направија научнциите од Медицинскиот факултет Рутгерс во Њу Џерси. Најголем дел од луѓето – 94% – не се хоспитализирани по санирањето на повредите. Иако можеби ви се чини дека таквите повреди не се причина за загриженост, авторите на истражувањето предупредуваат дека може да се случат и долготрајни повреди.

Бројот на овие повреди се брои во илјади и голем процент од нив се резултат на истовремено одење и користење телефон. Ова истражување е првото кое ги проучува повредите на главата и вратот наместо на целото тело. Тие повреди во САД биле ретка појава пред 2007 година, кога Apple го претстави првиот iPhone, но потоа има драматичен пораст. Иако и пред тоа постоеја мобилни телефони, нивните функции беа ограничени и затоа иамше помали изгледи да го одвлекуваат вниманието до тој степен како денешните, наведуваат авторите на истражувањето.

- Advertisement -

Според резултатите, пак, кај децата помали од 13 години, повредите како последица на користење мобилен телефон се претежно механички, односно повреид со самите уреди. Авторите на истражувањето објаснуваат дека денешните мобилни телефони се поголеми и потешки, па можат лесно да ги повредта малите деца кои ненамерно ќе се удрат со телефон.

Ако гледате во паметен телефон кој ви е во скут, притисокот врз вашиот врат се мери од 10 до 15 кг. Тој дополнителен притисок може да резултира со проблеми со ребетниот столб. Докторите тоа го споредуваат со свиткување на прст на раката наназад и држење во таа положба еден час. Кога кое било ткиво го истегнувате премногу долго, се воспалува и вистинското прашање е кои се долгорочните последици од сето тоа?

Сподели!
- Advertisement -