Медицинскиот канабис легализиран и во Јужна Кореја

- Advertisement -

Медицинскиот канабис дојде и во јужна Кореја, која стана првата земја од Источна Азија која го легализирала. Ова е уште еден битен чекор во глобалната медицинска индустрија и потенцијална пресвртница во начинот на кој се перципираат лековите денес, дури и во државите со традиционално конзервативни вредности.

Медицинскиот канабис и понатаму ќе биде доста ограничен, но самата измена на законот од страна на владата на Јужна Кореја е голем чекор во државата за која многумина веруваа дека последна ќе одобри каква било употреба на канабисот, дури и без THC.

- Advertisement -

За да дојдат до медицински канабис пациентите ќе мора да бидат пријавени во Корејскиот медицински центар за ретки болести, владино тело основано со цел полесен пристап за пациентите на кои им се потребни некои од ретките лекови. Од центарот велат дека внимателно ќе се разгледува секоја пријава за користење канабис.

Медицинскиот канабис за првпат во Азија го легализираше Израел, а бројни други држави како Тајван и Малзија се борат со измени на законите за да му се придружат. Интересно е да се знае дека препродажбата на канабис или поседувањето повеќе од 200 грама во Малезија е казниво со смрт, додека за поседување 20 грама канабис е предвидена казна од речиси 10 години затвор.

Сподели!
- Advertisement -