Компанијата SpaceX на иноваторот Илон Маск за 7 јануари идната година го планира првото лансирање на ракета, која би требало да превезе астронаути до Меѓународната вселенска станица од вселенскиот центар „Кенеди“. Лансирањето е историски момент во развојот на комерцијалните програми со екипаж за американската вселенска агенција, која сака да почне да испраќа луѓе од американско тло прв пат после 10 години.
Капсулата на SpaceX, Crew Dragon, треба да превезе тројца астронаути во вселената, а ќе ги пренесе ракетата SpaceX’s Falcon. НАСА не го објави планот на патувањето, но наведува дека пробниот лет ќе ги даде потребните податоци за особините на ракетата Falcon 9, капсулата Crew Dragon и земјините системи како и операцијата во орбитата, спуштањето на Меѓународната вселенска станица и приземјувањето.
НАСА за својата програма со човечки екипаж како партнери ги избра SpaceX и Boeing. Од укинувањето на мариканската вселенска шатл програма во 2011 година, НАСА ги користеше услугите на Русија за испраќање астронуаит во вселената.
Од SpaceX велат дека доколку биде успешно лансирањето планирано на 7 јануари, ќе лансираат своја пробна мисија со екипаж во јуни 2019 година. Boeing планира слични пробни летови со вселенскиот брод Starliner, кој во вселената ќе го однесе ракетата Atlas 5 во март 2019 година, а екипажот ќе биде испратен во август.