Instagram најави дека ќе лансира неколку нови опции за да им помогне на луѓето со проблеми со видот да ја користат апликацијата. Новите алатки ќе им овозможат на луѓето да слушнат опис на фотографиите кои се објавени на платформата. Компанијата користи вештачка интелигенција за да го напише текстот „alt“ и да стартува описот на објавата, како и тоа што е ставено со хаштаг.
Описите на фотографии, познати како „alt text“, наголемо се користат онлајн и сега се интегрираат во Instagram за да се зголеми достапноста на социјалната мрежа. Првата алатка користи технологија за препознавање на предмети на фотографии за прецизно да се идентификуваат и да се обезбеди аудио опис.
Опцијата ќе биде достапна за фотографии на ѕидовите на корисниците, но и на нивните профили. За корисниците кои не сакаат превод на фотографиите и сакаат да контролираат каков е преводот на објавите, Instagram исто така нуди втора опција.
Кога еден корисник ќе стави некоја фотографија, тие имаат опција да си напишат сопствен алтернативен текст. Така ќе може да има и подетален опис нa фотографиите. Facebook, во чија сопственост е Instagram користи вештачка интелигенција за опис на фотографиите за слепите корисници уште од 2016 година. Новите опции на Instagram ќе бидат достапни почнувајќи од идната среда.