Од анализата на 100 must have бренда, 38 бренда се од македонски компании, така што е сè посилна борбата меѓу домашниот и странскиот квалитет!
Користејќи ги силата и експертското знаење на регионално ниво, македонскиот магазин InStore спроведе самостојна телефонска анкета меѓу трговците во Македонија, кои ги споделија со нас информациите кој е брендот што мора да се најде на полиците во нивната продавница, во дадени 50 категории на производи. Од спомнатите 800 бренда, колку што беа кажани во анкетата, издвоивме листа од брендови 100 must have. На овој начин InStore се обиде да им помогне и на трговците и на производителите/дистрибутерите да остварат подобри резултати.
Како? Листата е препорака од трговците за трговците за 2019 година и со нејзина помош тие ќе имаат увид кои се брендовите што треба да ги имаат на полица, а со тоа ќе имаат можност за подобрување на резултатите од продажбата. Од друга страна, производителите/дистрибутерите ќе имаат можност за поголема препознатливоста на брендот, негова поголема побарувачка и повеќе место на полица, како и полесно влистување на нови артикли во секоја подобро снабдена продавница. Со други зборови, со епитетот 100 must have производи даваме признание на брендовите кои чекорат по вистинската патека, кои градат долгорочна, успешна комуникација и со потрошувачите и со соработниците.
Анкетата што ја спроведе InStore во период од два месеца во 2018 година, на примерок од 300 испитаници ни овозможи да ја видиме положбата на брендовите во малопродажниот сектор. Испитаниците беа поделени на традиционални продавници (traditional trade TT), ЛКА (local key account) и магацини. Истражувањето не ги опфати КА, бидејќи од нив побаравме нивни листи на 100 must have бренда, кои во целост се дадени на следните страници. Исто така не влегоа и дисконтните синџири, поради нивната посебна политика на работење.
Застапеност на продажните места според канали: ТТ, ЛКА, магацини, Македонија, 2018 година
Во истражувањето, каналот ТТ беше поделен на мали, средни и големи продавници. Така, малите (0 до 40 м²) беа вклучени со 32%, средните (40 до 100 м²) со 33%, а големите (100 до 300 м²) со 17%.
Во анкетата не стана збор за најдобрите постигнати продажни резултати на брендовите во малите продавници, туку за брендовите што трговците сметаат дека треба да ги имаат во своите објекти, иако во најголемиот број случаи, се сведува на тоа дека тие им се и најпродавани.
При анкетирањето InStore нудеше категории, а трговците ги кажуваа брендовите. Брендовите со најмногу освоени гласови влегоа во листата топ 100 бренда. Во оваа листа се сублимирани резултатите од ТТ, ЛКА и од магацините, а брендовите 100 must have се дадени по азбучен ред.
Од анализата на 100 must have бренда, 38 бренда се од македонски компании, така што е сè посилна борбата меѓу домашниот и странскиот квалитет. Во споредба со листата на топ 100 во Босна и Херцеговина, каде редакцијата на InStore БиХ по вторпат направија специјална едиција 100 must have, во Македонија речиси за 5% повеќе домашни брендови влегоа во првите 100. Од компаниите чии брендови влегоа во 100 must have, најмногу брендови имаат „Витаминка“, „Алкалоид“, „Подравка“, „Атлантик група“…
При прибирањето на податоците и бодирањето на брендовите, во дел од категориите, според бодовите, одредени брендови значително се одвоија од другите во својата категорија. Таков пример е Би милк во категоријата млеко, Colgatе во пастите за заби, Здравје Радово во категоријата сирење и кашкавали, Zott во категоријата млечни десерти, Виталиа во категоријата здрава храна итн. Кај некои категории, како што се пивото, водите и сл. ситуацијата е речиси изедначена.
[quote]Од компаниите чии брендови влегоа во 100 must have, најмногу брендови имаат „Витаминка“, „Алкалоид“, „Подравка“, „Атлантик група“…[/quote]
Табела 1: 100 must have бренда, по азбучен редослед, според податоците од ТТ, ЛКА, магацини, во Македонија, 2018
ABC, Belje | Солени и млечни намази |
Ajax | Средства за чистење во домот |
Alpsko | Млеко |
Always | Интимна хигиена |
Argeta | Конзервирани производи |
Ariel | Средства за перење алишта |
Atlantis | Бонбониери |
Badel 1862 | Алкохолни пијалаци |
Bajadera | Бонбониери |
Becutan | Пелени и козметика за бебиња |
Bimilk | Млеко и кисело млечни производи |
Biser | Масла за јадење |
BlackUp | Средства за сончање |
Boni | Интимна хигиена |
Bonux | Средства за перење алишта |
Bords eve | Маргарини |
Bravo кафе | Традиционално и инстант кафе |
Bravo сокови | Безалкохолни пијалаци – негазирани |
Brilijant | Масла за јадење |
Bučen Kozjak | Кисело млечни производи |
Cermat | Сладоледи |
Chipsy | Грицки |
Coca Cola | Безалкохолни пијалаци – газирани |
Colgate | Орална хигиена |
Čunga Lunga | Бонбони и гуми за џвакање |
Dafinka | Зачини |
Divella | Тестенини |
Dobro jutro | Маргарини |
Domestos | Средства за чистење во домот |
Dove | Козметика и лична хигиена |
Eurocrem | Чоколадни кремови |
Eva | Конзервирани производи |
EveryDay | Интимна хигиена |
Evropa | Наполитанки, бисквити и тортици |
Extra Mein | Месни преработки |
Fairy | Средства за миење садови |
Feja | Средства за миење садови |
Franck | Чаеви |
Frikom | Сладоледи и смрзната храна |
Frutek | Храна за бебиња |
Galeb | Чоколада и чоколатца |
Gillette | Средства за бричење |
Good Nature | Чаеви |
Grand kafa | Традиционално и инстант кафе |
Happy tuna | Конзервирани производи |
Hipp | Храна за бебиња |
Izvorska | Негазирана вода |
Kolynos | Орална хигиена |
Kožuvcanka | Газирана вода |
Kristal | Маргарини и масла за јадење |
LR, Tikveš | Алкохолни пијалаци |
Maggi | Супи и коцки за супи |
Marlboro | Цигари |
Meggle | Солени и млечни намази |
Merix | Средства за перење алишта |
Milka | Чоколада и чоколатца |
Moeto brasno | Брашно и прашести производи |
Najlepše želje | Чоколада и чоколатца |
Nescafé | Традиционално и инстант кафе |
Nestle | Сладоледи |
Nivea | Средства за лична хигиена и козметика за мажи |
Nutella | Чоколадни кремови |
Orbit | Бонбони и гуми за џвакање |
Osogovski mlečni proizvodi | Сирења и кашкавали |
Palmolive | Средства за лична хигиена, козметика за мажи |
Paloma | Хартиена галантерија |
Pampers | Пелени и козметика за бебиња |
Pekabesko | Месни преработки |
Pelisterka | Газирана вода |
Pepsi | Безалкохолни пијалаци – газирани |
Perfex | Хартиена галантерија |
Perutnina Ptuj | Смрзната храна |
Pležer | Наполитанки, бисквити и тортици |
Podravka | Зимници и супи и коцки за супи |
Polimark | Преливи, дресинзи, сосови |
Riscossa | Тестенини |
Rodeo | Цигари |
Rosa | Негазирана вода |
Sentella | Тестенини |
Sinalco | Безалкохолни пијалаци – газирани |
Skopsko | Пива |
Solea | Козметика |
Spin | Средства за миење садови |
Stobi | Вина |
Stobi Flips | Грицки |
Sütaş | Ајран |
Tikveš | Вина |
Tomatello | Преливи, дресинзи, сосови |
Vegeta | Зачини |
Vezë Sharri | Јајца |
Vincinni | Наполитанки, бисквити и тортици |
Violeta | Хартиена галантерија |
Vitalia | Здрава храна |
Vitaminka | Преливи, дресинзи, сосови |
Viva | Безалкохолни пијалаци – негазирани |
Začinal | Зачини |
Zdravje Radovo | Сирења и кашкавали |
Žito Luks | Леб и бели печива и Брашно и прашести производи |
Zlaten dab | Пива |
Zott | Млечни десерти |
Во табела 2 направивме споредба меѓу брендовите што се 50 must have според испитаниците во каналот ТТ наспроти ЛКА. Во анализата на податоците, се забележа дека во ТТ каналот повеќе се трошат соковите во пластично пакување, во споредба со ЛКА каналот, каде повеќе се купуваат сокови во тетрапак. И при оваа споредба, можеше да се види дека во одредени категории, како кај јајцата, лебот и белите печива, на второто место се одвојуваат локални брендови, кои се блиски до потрошувачите од одреден град. Во поглед на категоријата традиционално и инстант кафе во ТТ каналот, поголема е побарувачката на традиционално кафе, во споредба со инстант кафето. За испитаниците синоним за инстант кафето се кесичките 2 во 1 или 3 во 1.
Доколку ја анализираме листата на првите 50 must have брендови, во ТТ и ЛКА и направиме споредба, ќе забележиме дека 36 брендови еднакво се потенцирани и од анкетираните ТТ и ЛКА, додека 14 брендови се разликуваат, односно не се првиот избор и на ТТ и на ЛКА.