Во Монако беше претставено специјално електрично возило за експедиции на Јужниот пол

- Advertisement -

Прототипот на 100% електрично возило наречен Antarctica, чија цел е помош во експедициите на Јужниот пол, беше претставен во Монако. На официјалната презентација во Кнежевската палата, на која присуствуваше и принцот Алберт II, најавено е дека Аntarctica најпрвин ќе биде испратена на експедиција во Канада. Тоа ќе биде првиот голем тест за Antarcticа.

Станува збор за гасеничар кој го направи компанијата Venturi Automobiles. Канадската експедиција треба да се изврши на 6 и 7 март 2019 година. „Кога во 2009 година на Антарктик отиде тим од дваесетина луѓе кои се занимаваат со научни истражувања видов дека ниедна од нив нема вистинско возило со кое ќе можат да се возат научниците, да превезуваат потребен материјал. За тоа никој никогаш не размислувал. Тоа е специфична област, но ако успееме да направиме електрични возила кои ќе ги користиме на екстремно ниски температури, ќе може да се користат и за други цели, дури и во војна“ изјави принцот Алберт. 

- Advertisement -

Акумулаторот на Antarcticа може да издржи многу голем студ и температури ниски до дури 50 степени под нулата. Гасеничарот со портокалова боја тежи два тони, може да превезува по тројца сосе багаж и останата опрема. Растојанието од 42 км меѓу канадското езеро Дик и Телеграф Крик, крајниот дел од експедицијата, ќе го поминува со брзина од 20 км/ч.

Акумулаторот на Antarcticа ќе може да се полни со соларни панели и ветроагрегати.По завршувањето на мисијата во Канада гасеничарот ќе биде испратен на Антарктикот, каде што на научниците ќе им помогне да пристапат до терените што ги проучуваат, а притоа нема да се загадува воздухот како со возилата кои имаат мотори со внатрешно согорување.

Сподели!
- Advertisement -