Со оглед на тоа дека многу светски ИТ компании најавија дека работат на еластичнi телефони, и Microsoft одлучи да се врати во трката. Поминаа неколку месеци откако последен пат слушнавме за наводите дека Microsoft, наводно, се впушта во изработка на еластичен паметен телефон, но по некој период од овој ИТ могул одлучија да излезат со конкретно соопштени дека овој иновативен уред ќе биде официјално претставен во 2019 година.
Но, сега се појавија некои интересни информации за функционалноста на овој хибрид. Еластичниот таблет, кој одлучија да го наречат Andromeda, ќе функционира како паметен телефон кога ќе се преклопи. Исто така, се споменува дека Microsoft нема да го користи редовниот, стар Windows Phone OS, кој веќе некое време е „мртов“. Од Microsoft најавуваат дека на корисниците ќе им понудат целосно Windows искуство со некои стини подобрувања.
Microsoft планира до 2019 година да ја претстави и новата Xbox One конзола, подобрени Surface лаптопи, компјутери со чипови на AMD наместо на Intel и многу други позитивни измени.