НАСА откри необичен објект на Марс

- Advertisement -

Роверот на Марс сними необичен објект кој сјае, објави НАСА. Бидејќи уште не знаат за каков објект станува збор, ќе продолжат да го набљудуваат за да утврдат за што се работи. Во наредниот период роверот детално ќе го истражува објектот на површината на Марс, а од НАСА сметаат дека сјајниот објект е метеорит. 

„Истражувачкиот тим мисли дека би можел да биде метеорит бидејќи е толку сјаен, но изгледот може да лаже. Поради тоа мора да има хемиски докази“ напишаа од тимот на НАСА. 

- Advertisement -

Објектот доби и прекар Little Colonsay. Иако веќе го набљудуваа и дојдоа до заклучок дека се работи за еден од бројните предмети кои се наоѓаат на површината на Марс, сега одлучија детално да го истражат. Покрај овој објект, на Марс постојат уште многу карпи кои НАСА сака да ги истражи.

Сподели!
- Advertisement -