25 C
Skopje
вторник, октомври 15, 2019
Почетна Зелена планета Мадрид забрани 32% од автомобилите во некои делови од градот

Мадрид забрани 32% од автомобилите во некои делови од градот

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019

Минатиот петок стапија во сила новите контролни мерки за емисијата на штетни гасови од возилата во Мадрид. Тоа резултираше со намалување на сообраќајот во некои делови од градот за 32%. Новите правила вклучуваат строги забрани кои возила можат да влезат до центарот на градот. Планот е познат како Madrid Central и е обид да се намали нивото на азот диоксид во градот, кое од 2010 година наваму ги надминува дозволените лимити на Европската унија и се смета за причина за околу 3.000 прерани смртни случаи годишно.

Точното намалување на сообраќајот варира од област до област. На пример, во областа Сан Бернардо има намалување од само 5%, додека во Гран Виа има највисоко намалување од 31,8%. Ова намалување е добро и за јавниот транспорт – брзината на автобусите на еден oд автопатите се зголемила за 14%.

Забраната се однесува на различни возила во зависност од типот на гориво што го трошат, годината на производство и како се користат. Бензинците и дизелашите регистрирани пред  2006 година ќе бидат забранети, додека хибридните возила ќе можат да влезат во центарот и да се паркираат најмногу два часа.

Сепак, жителите на контролираните региони нема да бидат засегнати од забраната. Такси возилата кои трошат бензин и нафта ќе можат да возат во центарот до 2022 година. Електричните возила, кои немаат никаква штетна емисија на гасови, кои ги возат луѓе што не се жители на областа слободно ќе можат да сообраќаат. Новите правила веројатно ќе се однесуваат на околу 20% од возилата кои моментално влегуваат во центарот на градот.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Во САД ќе се отвори првиот ресторан кој ќе продава производи...

Еден ресторан во Калифорнија ќе стане првиот угостителски објект во САД кој ќе продава производи направени со марихуана во својата редовна понуда. Lowell Cafe е...

Иновации, подобрување на животната средина и развој на идните професии во...

Oсмото издание на Самитот Македонија2025, кој претставува водечка регионална конференција за споделување на последните светски трендови во бизнисот, економијата, технолошките иновации и етичкото лидерство,...

Најпознатиот фаст фуд синџир за пилешко месо KFC ќе почне да...

Подгответе се за „месо без месо“, новина од најпознатиот фаст фуд синџир за храна од пилешко месо, KFC, која уште повеќе ќе ја вжешти...

Арапи во Хрватска сакаат да градат ресорт вреден милијарда евра

Проектот Mavrijan Luxury Resorts беше претставен на средината на јули, а деновиве во Улцињ треба да дојдат заинтересираните инвеститори од Катар и од Египет....
Сподели!
  •  
  •