Кристоф Вебер, извршен директор на јапонскиот фармацевтски гигант Takeda Pharmaceutical Co, се соочи со низа предизвици во својот обид за преземање на ирскиот производител на лекови Shire Plc. за 62 милијарди долари. Акциите на јапонската компанија нагло паднаа, некои од акционерите се обидоа да ја спречат аквизицијата и Shire постојано ги одбиваше неговите понуди.
Но, сега Французинот успеа да извојува победа и успеа 88% од акционерите на Takeda да изгласаат поддршка за аквизицијата, па деветмесечната кампања на Вебер да ги спои јапонската и британската компанија заврши со позитивен исход. Оваа аквизиција е најголемата аквизиција во светот годинава и најголемото прекуокеанско преземање реализирано од една јапонска компанија.
Вебер има визија за трансформација на компанијата стара 237 години во еден од топ 10 производители на лекови во светот со исплатливи терапии за ретки болести и голем удел на американскиот пазар. Интересот на јапонската компанија од аквизицијата на ирски Shire е зајакнување на своите портфолија со лекови за канцер, стомачни и мозочни заболувања.