Бившиот шеф на Google основа технолошки универзитет каде што ќе обучува ИТ кадар за американската администрација

- Advertisement -

Поранешниот шеф на Google, Ерик Шмит ги здружи силите со поранешниот заменик државен секретар Роберт Ворк. Тие заедно ќе основаат технолошки универзитет кој би требало да им биде конкуренција на познатите МИТ и Стенфорд.

Како што пишуваат американските медиуми, универзитетот US Digital Service Academy, како што би требало да се вика, ќе биде насочен првенствено кон едуцирање нови генерации девелопери и програмери за потребите на американската администрација.

- Advertisement -

На универзитетот ќе се нудат студии од типот сајбер безбедност и вештачка интелигенција со цел САД да фати чекор со другите држави, првенствено со Кина. Имено, традиционално најдобрите програмери доаѓаат од МИТ и од Стенфорд, но наместо во државна служба, тие одат во приватниот сектор, каде што платите и повластувањата се подобри. Тоа ја остава на цедило државата, особено во поглед на сајбер безбедноста.

Шмит и Ворк се надеваат дека нивната академија ќе стане пандан на МИТ и Стенфорд, но со насочување на студентите кон вработување во администрација. Академијата веќе има поддршка од Националната безбедносна комисија за вештачка интелигенција, а следниот чекор е дискусија за академијата во Конгресот на САД.

- Advertisement -

(Business Insider, Dnevnik.hr)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -