Global Cooling Prize е поддржан, меѓу другото, од индиската влада, а милијардерот Ричард Бренсон е амбасадор на проектот. Организаторите сакаат да не предизвикаат да размислиме како си ги разладуваме домовите денес. Тие велат дека денес во светот има околу 1,2 милијарди клима уреди, а најефикасните од нив функционираат со 14% од максималната теоретска ефикасност.

- Advertisement -

Се очекува до 2050 година ќе бидат инсталирани дополнителни 3,3 милијарди клима уреди. Според организаторите на натпреварот, тоа е така затоа што индустријата се фокусира на намалување на трошоците на секој уред поединечно наместо да се труди да ја намали потрошувачката на енергија на истите.

- Advertisement -

За Global Cooling Prize се исдвоени дури 3 милиони долари за развој на иновативни решенија. Учесниците треба да развијат технологија за разладување која ќе може да се инсталира во домовите и ќе има пет пати помало штетно влијание врз околината отколку моменталните клима уреди, а ќе чини двапати помалку. Новите иновативни решенија ќе треба да трошат до 700 вати и помалку од 14 литри вода дневно.

Натпреварот почна на почетокот на декември, а прелиминарните пријави може да се испратат до јуни 2019 година со иницијалните идеи. Деталните описи на решенијата треба да се достават до август идната година, а на десетте финалисти кои ќе бидат избрани во ноември 2019 година ќе им бидат доделени по 200.000 долари за да направат функционални прототипови.

- Advertisement -

Победникот кој ќе биде избран во ноември или декември 2020 година ќе добие 1 милион долари.