Последните години читаме различни песимистички сценарија за заканите од роботите. Од масoвни откази за луѓето до можноста компјутерите и вештачката интелигенција да се свртат против нас и да се обидат да не уништат. Од сценарија од „Терминатор“ и роботи убијци сепак не мора да се плашиме, но очигледно треба да обрнеме внимание и треба да се вардиме од роботите во сладиштата, чии грешки исто така може да бидат скапи.
За какви опасности станува збор можеме да видиме од примерот со складиштето на Amazon во Њу Џерси, каде што поради грешка на робот мораше да им биде дадена медицинска помош на дури 54 луѓе, а 24 завршија во болница. До инцидентот дошло кога еден од бројните роботи кои работат во складиштето слушајно продупчил сад во кој се наоѓал спреј за одбивање мечки, кој паднал на подот на складиштето. Од садот истекол капсаицин, односно супстанција која се користи за правење солзавци. Тоа предизвикало чешање и иритација кај работниците кои биле во негова близина.
Од Amazon велaт дека веднаш почнале со истрага на инцидентот и дека итната помош ги одвела работниците во болница поради претпазливост, а некои медиуми известуваат дека еден работник е во критична состојба. Инаку, компанијата на најбогатиот човек во светот, Џеф Безос, се најде на удар на критики поради лошите услови за работа во складиштата, каде што фокусот е првенствено на продуктивноста наместо на безбедноста на работниците.