Ворен Бафет со само три збора објасни како да успеете во бизнисот

- Advertisement -

Познатиот финансиски инвеститор и милијардер Ворен Бафет, кој според Forbes, „тежи“ 84 милијарди долари, даде совет како можете да ја зголемите својата вредност во бизнис светот, а се состои од само три збора. Бафет советот првенствено го даде за луѓето кои штотуку го завршиле образованието и влегле во третата деценија од животот.

„Инвестирајте во себе“ порача Бафет, велејќи дека со тоа мисли на потребата за развивање на комуникациските вештини, затоа што тие денес во бизнисот се од суштинска важност.

- Advertisement -

„Ако не знаеш да комуницираш, тоа е како да и мавнеш со рака на некоја девојка кога надвор е црна темница. Апсолутно ништо нема да се случи. Може да го имаш целиот памет на светот, но мора да бидеш способен да го пренесеш на другите. А пренесувањето е комуникација“ објасни Бафет.

Сподели!
- Advertisement -