Силиконската Долина можеби е дом на огромни технолошки компании како Google и Facebook, но Сан Франциско не е најиновативниот град во светот според годишното рангирање на компанијата 2thinknow. Најиновативен град годинава е Токио, според годинашниот индекс Innovation Cities Index. Ова е прв пат еден азиски град да се најде на чело на листата што ја изготвува 2thinknow откако компанијата прв пат почна да го прави рангирањето во 2007 година.
Од сите 50 градови, најголем скок има Остин, Тексас од 18 места и се најде на 29-то место, додека Барселона падна на место број 30, што е пад од 17 места во споредба со минатата година. Градовите се рангирани врз основа на 31 сегмент од економијата и индустријата и 162 индикатори за иновации и секој град добива оценка до 60 врз основа на клучните фактори: културното богатство, човечката инфраструктура и вмрежените пазари.
Еве кои се топ 50 најиновативни градови во 2018 година:
50. Орландо, Флорида
49. Даблин, Ирска,
48. Москва, Русија
47. Рим, Италија
46. Хелсинки, Финска
45. Осака, Јапонија
44. Тел Авив, Израел
43. Оукленд, Калифорнија
42. Хамбург, Германија
41. Портланд, Орегон
40. Милано, Италија
39. Копенхаген, Данска
38. Мадрид, Шпанија
37. Пекинг, Кина
36. Осло, Норвешка
35. Шангај, Кина
34. Манчестер, Обединето Кралство
33. Дубаи, ОАЕ
32. Филаделфија, Пенсилванија
31. Денвер, Колорадо
30. Барселона, Шпанија
29. Остин, Тексас
28. Стокхолм, Шведска
27. Хонгконг, Кина
26. Мајами, Флорида
25. Ванкувер, Канада
24. Вашингтон, САД
23. Сан Диего, Калифорнија
22. Монтреал, Канада
21. Минхен Германија
20. Атланта, Џорџија
19. Виена, Австрија
18. Амстердам, Холандија
17. Хјустон, Тексас
16. Мелбурн, Австралија
15. Сиетл, Вашингтон
14. Берлин, Германија
13. Далас-Форт Ворт, Тексас
12. Сеул, Јужна Кореја
11. Чикаго, Илиноис
10. Сиднеј, Австралија
9. Париз, Франција
8. Торонто, Канада
7. Бостон, Масачусетс
6. Сингапур, Сингапур
5. Лос Анџелес, Калифорнија
4. Њујорк, Њујорк
3. Силиконска Долина, Калифорнија
2. Лондон, Обединето Кралство
1. Токио, Јапонија