Не секогаш е лесно да знаеме секогаш каде се работите кои постојано ги користиме, но новата опција на паметната јакна на Google и Levi’s ќе ви помогне да не го заборавате мобилниот телефон дома. Новата опција се вика Always Together и ќе ја има на паметната јакна Levi’s Commuter X Jacquard By Google, која веќе има опции како слушање музика, комуникација во движење и давање насоки преку апликацијата Jacquard App.
Најбитниот дел од опцијата Always Together е тоа што ве предупредува ако премногу се оддалечите од телефонот, па нема шанси да го заборавите некаде. Еве како функционира. ако ја носите јакната и телефонот не е во близина, Always Together ќе ви испрати нотификација на телефон. Ознаката на ракавот ќе вибрира и ќе трепка, па вендаш ќе знаете дека телефонот не е со вас.
Јакната е достапна за мажи и жени по цена од 350 долари на страницата на Levi’s.