Можеби мислите дека доцнењето е безопасно, но еве што кажува за вас

- Advertisement -

Доцнењето на некој состанок на слепо можеби е симпатично, доцнењето на некој настан може да се толерира, но постојаното доцнење на работа и на приватни обврски е болест. И за тоа има повеќе аргументи. Доцнењето можеби изгледа безопасно, но еве што кажува за вас.

Дел од луѓето што доцнат сметаат дека себеси секогаш можат рационално да се оправдаат. Тие никогаш не преземаат одговорност за доцнењето и секогаш ги обвинуваат надворешните околности. Таквите луѓе генерално никогаш не ги проценуваат реално своите способности и маани. Склони се секогаш да ги обвинат другите, дури и кога е јасно дека тие се виновни.

- Advertisement -

Ако се препознавте, крајно време е да почнете интензивно да работите на „што можам да преземам“ методи. Кога тргнувте од себеси, не сте повеќе препуштени на случајности и конечно мора да преземете одговорност за тоа што го правите. Не е лесно, но на крајот научената лекција ќе направи да се чувствувате слободни. Доколку воспоставите контрола над менаџирањето со сопственото време, преземате контрола и над своите цели. над кариерата, над слободното време.

Другиот тип на луѓе кои доцнат се оние кои намерно се саботираат самите себеси. Тоа значи дека се чувствуваат живи кога се под адреналински стрес, а резултатот е како зависност од дрога. Пред себе и пред другите сакаат да изгледаат како личности кои се битни и имаат премногу обврски и активност, но не се свесни дека на другите луѓе им испраќаат порака дека не можат добро да си го организираат времето.

- Advertisement -

Ако сте таков играч, задолжително почнете да користите некоја од методите за опуштање. Тоа може да биде автоген тренинг, креативна визуелизација или што било друго што ќе ве спаси од вистинско „прегорување“. Доцнењето кај нив, всушност, е минорен проблем, но јасно упатува на многу подлабоки проблеми.

Ако доцнењето ви станало редовна рекреација, време е да ги разбистрите мислите и малку сами со себе да разјасните што ве тера на такво однесување. Симптомот е тука, сега е вистинско време да ја пронајдете искрата која го иницира. Таа можеби е и поблиску отколку што мислите – не треба да барате подалеку од себеси!

Сподели!
- Advertisement -