Се подготвува едно од највредните ИПО во историјата – дури 23,5 милијарди долари!

- Advertisement -

Јапонската технолошка компанија SoftBank е на прагот на убедливо најголемата иницијална понуда на акции во историјата на Земјата на зајдисонцето, но и една од најголемите во светот. Со ова собирање на капитал SoftBank ќе ја означи финализацијата на преминот од работа исклучвио во национални рамки во една од најмоќните светски технолошки компании.

Според Reuters, SoftBank за своето ИПО собира 23,5 милијарди долари. Интересно е дека компанијата не се осврнуваше на критиките дека со речиси 2 милијарди акции ризикува со преголема понуда. Аналитичарите се сомничави поради фактот дека SoftBank сега се занимава со традиционален бизнис за кој нема преголеми шанси за сериозен раст во иднина. Но, јапонската компанија не обрна внимание на тоа туку најавија дека ќе ги продадат и сите дополнителни акци кои ги чуваат додека не има потреба поради побарувачката од инвеститорите.

- Advertisement -

Засега работите одат во тој правец бидејќи од SoftBank соопштија дека има поголема побарувачка од понудата. Оваа иницијална понуда на акции ќе достигне нешто помал износ од рекордното излегување на берза на кинескиот интернет-гигант Alibabа, кој во 2014 година собра 25 милијарди долари. Според извори од банката, 80% од акциите се наменети за домашни мали инвеститори. За да го зголемат интересот, стартуваа и несекојдневна маркетинг кампања која резултираше со првата реклама за ИПО на приватна компанија на јапонска телевизија.

Дивидената би требало да се движи оолу 5%, што е една од најголемите заработки од дивиденда во Јапонија. Од компанијата најавија дека собраниот капитал ќе го искористат за инвестирање во стартапи. Според најавите, со акциите на SoftBanka ќе се тргува на Токиската берза од 19 декември.

Сподели!
- Advertisement -