Инвестиција од 21 милиони евра во ветерниот парк Богданци

- Advertisement -

Со инвестиција од 21 милиони евра ќе се заокружи проектот ветерен парк Богданци. Во втората фаза ќе бидат изградени шест ветерни турбини со инсталирана моќност од 13,8 мегавати, а ќе почнат со производство за најмногу 24 месеци

Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од германската КфВ банка во износ од 18 милиони евра, додека три милиони евра се сопствени средства на АД ЕЛЕМ. Договорите за заемот и за гаранцијата беа потпишани денеска од страна на министерот за финансии Драган Тевдовски, германскиот амбасадор во земјава Томас Герберих, директорот на КфВ банката за ЈИЕ и Турција Кристоф Тискенс и генералниот директор на АД ЕЛЕМ Драган Миноски.

Со потпишувањето на овој договор се реализира втората фаза од проектот Ветерен парк „Богданци“ со што се очекува  да се зголеми учеството на уделот на обновливите извори на енергија на три отсто.

- Advertisement -

Според минстерот за финансии, средствата од КфВ банката се обезбедени по поповолни услови од очекуваното.

– Заемот ќе биде доделен на АД ЕЛЕМ со рок на отплата од 12 години, со вклучен грејс период од три години, каматната стапка од 1,15 отсто, а сервисирањето на заемот ќе го врши АД ЕЛЕМ од приходите што ги остварува, a го гарантира државата, рече Тевдовски на потпишување на договорите.

- Advertisement -

Германскиот амбасадор оцени дека ова е совршен момент за потпишување и посочи дека и понатаму ќе продолжи поддршката од Германија.

– Сега сме близу до спроведување на Договорот од Преспа со позитивни резултти и убеден сум дека ќе бидат позитивни. Патот кон ЕУ и НАТО на вашата земја конечно ќе се отвори. Потоа македонската Влада треба да се концентрира целосно на реформските процеси кои мора да доведат до создавање ново македонско општество, во кое сите луѓе ќе можат да ги остваруваат основните човекови права и дава можност за подобри услови за живот, рече Герберих.

- Advertisement -

 

Директорот на ЕЛЕМ, Моноски, посочи дека со втората фаза се отвора патот до целосно завршување на проектот Парк на ветерни електрани Богданци, кој е значаен од повеќе причини, а тоа се дополнителни нови 13,8  мегацати инсталирана моќност, дополнително производство од 37 гигават часови електрична енергија што може да задоволи потреби на 6.000 домаќинства, како и заокружување на целиот проект.

Во Ветерниот парк Богданци во првата фаза се инвестирани 55 милиони евра од кои 85 отсто се средства од кредит, а 15 проценти средства на компанијата.

Сподели!
- Advertisement -