Што најмногу пребарувале луѓето на Google во 2018 година?

- Advertisement -

Секоја година Google Trends ја објавува својата позната листа „Year in Search“ каде што ги бележи најпопуларните термини кои биле пребарувани на Google во текот на годината. Излегоа резултатите за 2018 година, па да видиме кои биле најпопуларните термини.

Со оглед на тоа дека годината ја одбележаа многу добри и лоши настани, се чини дека луѓето многу повеќе пребарувале „добро“ отколку кога било порано. Од некои незаборавни наслови во весници со секојдневни моменти еве што е сето што најмногу го пребарувале луѓето.

- Advertisement -

Најпопуларен и најпребаруван термин за годинава што привршува е Светското првенство во фудбал во Русија. Од луѓе корисниците на Интернет најмногу го пребарувале името на најновиот член на британското кралско семејство, војвотката од Сасекс, Меган Маркл.

Од актерите најпребарувано е името на легендарниот Силвестер Сталоне. Што се однесува на спортистите, луѓето најмногу се интересирале за кошаркарот на НБА тимот Кливленд Кавалирс, Тристан Томпсон. Во категоријата филмови најпребаруван наслов е „Црниот пантер“. Луѓето најмногу пребарувале и за смртта на Авичи, a од музичката сцена најмногу пребарувале за Деми Ловато. Најпребарувана ТВ серија е кинеската „Приказната за палатата Јанси“.

Сподели!
- Advertisement -