Загадениот воздух во Индија во 2017 година убил 1,24 милиони луѓе

- Advertisement -

Загадениот воздух во Индија станува глевниот виновник за се поголемиот број мртви во државата. Според истражување објавено пред некој ден во Lancent Planetary Health, во 2017 година 12,5% од починатите односно 1,24 милиони умреле поради загадениот воздух.

Резултатите од истражувањето кои го направија научници од различни институции во Индија, но и во светот, наведуваат дека повеќе од 51% од починатите од загадувањето се помлади од 70 години. Истражувањето го финансирала фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, индиската влада и Индискиот совет за медицински истражувања. Од вкупниот број, околу  670.000 луѓе умреле поради загадувањето на воздухот во пошироко подрачје, додека 480.000 умреле од нечист воздух во домовите врзано со користење тврди горива за готвење.

- Advertisement -

Индискиот главен град, Њу Делхи, бил најизложен на ситни честички познати под името PM 2.5, кои допираат длабоко во градите и предизикуваат големи здравствени проблеми. Кога квалитетот на воздухот во Индија би се довел на прифатливо ниво, во истражувањето се наведува дека просечниот животен век на луѓето таму би бил поголем за 1,7 години.

Сподели!
- Advertisement -