Forbes го рангираше Загреб како најдобра адвентска дестинација во Европа

- Advertisement -

Адвент е време која секој главен град и помало место во Европа на пазарите има различна гастрономска понуда, варено вино, богати забавни содржини и е главно собиралиште за бројни посетители. На листата на Forbes со места каде што се уште можете да почувствувате магична и весела божиќна атмосфера исполнета со мирис на борови и звуци на божиќни песни веќе трета година со ред Загреб се наоѓа на прво место.

1. Загреб, Хрватска
Адвент во Загреб веќе трета година се наоѓа на прво место како најдобра европска дестинација според мислењето на бројни посетители. Тајната на успехот на главниот град на Хрватска е пријателската атмосфера, квалитетните излагачи, концертите, лизгалиштето и прифатливите цени.

- Advertisement -

2.Хелсинки, Финска
Доколку одлучите да го посетите адвентот во Хелсинки, бидете подготвени за видите многу снег, стотици штандови со дрвени ракотворби и украси, осветлени улици во градот и прекрасни дрвени кочии во центарот на скандинавската метропола. Иако сонцето не е честа појава, „glögg” односно вареното вино ќе ве згрее одвнатре.

- Advertisement -

3.Ахен, Германија
Сместен на европското тромеѓе со Белгија и Холандија, адвентот во градот Ахен со години се наведува како една од најдобрите дестинации за време на Божиќ. Сите улици во близина на катедралата и градското собрание изгледаат како бајковито украсено село. Насекаде мириса на варено вино и на медените колачи „Aachener Printen“.

- Advertisement -

4.Будимпешта, Унгарија
Адвентите во Будимпешта веќе неколку години се појавуваат во топ пет најдобри адвенти во Европа. Особено се истакнуваадвентот на плоштадот Воросмарти и покрај базиликата во самиот центар на градот. Центарот на Будимпешта во овој период од годината се претвора во место на кое традицијата се пренесува со помош на историски градби и модерни украси, како и спектакуларното шоу со осветлување на фасадата на базиликата „Свети Стјепан“ за кое треба да се носат 3Д очила.

5.Талин, Естонија
Според легентата, Дедо Мраз лично го избрал Талин како место каде што ќе го направи првиот божиќен пазар. Величествената и недопрена ахитектура е покриена со снег, што го прави местото уште побајковито. Адвентот во овој град има посебен шмек и се наоѓа на историскиот градски плоштад. Секоја година од 1441 досега пред градското собрание се поставува елка, како и повеќе од 60 дрвени куќички во кои се продаваат венци, рачно направени играчки и многу домашни производи и варено вино.

Сподели!
- Advertisement -