Автономните возила ќе покажуваат светлечки пораки за да им сигнализираат на луѓето каде ќе се движат, а сето тоа ќе биде овозможено со патентираниот ситем на американската транспортна компанија Lyft. Канцеларијата за патенти на САД го одобри патентот на Lyft за системот за нотификации кој ќе им овозможи на автономните возила да комуницираат со другите учесници во сообраќајот.
Системот ќе ги претвори прозорците на возилата во екрани на кои ќе се појавуваат пораки од типот „Безбедно да се премине“, „Предупредување за вртење лево/десно“ итн. Идејата на Lyft, за која од компанијата не наведуваат никакви детали за понатамошниот развој, доаѓа во време кога технолошките компани се обидуваат да утврдат како да се направи транзицијата кон автономни возила.
„Возачите и пешаците се навикнати да комуницираат на определен начин. Со отстранување на возачот од возилата се создава несигурност и прекин во комуникацијата велат од Lyft. Нивниот систем ќе користи сензори за да ги идентификува објектите на и блиску до патот и да го утврди правецот и природата на нивното движење. Потоа софтверот ќе ја напише соодветната порака на прозорците на возилото.
Од велат дека прозорците и бришачите се едни од местата каде што може да се прикажуваат пораките, но може да има и проектор или провиден екран. Освен тоа, компанијата сака овие пораки да се испраќаат и директно до останатите возила, под претпоставка дека додека се реализира нивната идеја возилата во зообраќајот ќе бидат поврзани на една мрежа.