Македонско-британскиот стартап Cognism собра 3 милиони во нова рунда инвестиции

- Advertisement -

Cognism, платформата за забрзување на продажбата коja на организациите им дава поинтелигентен начин во барањето на квалификувани клиенти (prospecting), вчера објави дека затвориле  3 милиони евра во нова рунда од инвестоторите Oliver Wyman, South Central Ventures, LCIF, Newable и некои други постоечки инвеститори. Ова е уште една успешна рунда од серијата инвестиции на Cognism откако беше основан во 2016 година.

Cognism во 2018 година забележа значителен раст на приходите, забележувајки месечен раст од 23%. Компанијата во совојата нова рунда на проширување ги избра Oliver Wyman како партнер и инвеститор со цел да ја донесе својата платформа до поголемите компании низ светот како  и Ѕouth Central Ventures, кој и понатаму е главен инвеститор во компанијата. Финансиите главно ќе се искористат за унапредување на решението за големи компании (Enterprise Level) како и проширување на понудата во секторот финансиски услуги.

- Advertisement -

Џејмс Исилеи, извршен директор на Cognism, изјави: „Cognism ги поместува границите на продажната интелегенција (Sales Intelligence) користејки ја својата патентирана технологија за машинска интелигенција за да ги разбере предизвиците на страната на приходите кај големите претпријатија. Со новата инвестиција и соработката со Oliver Wyman ќе можеме да ја пласираме нашата технологија Revenue AI technology на интернационално ниво до најголемите корпорации во светот и така да придонесеме за голем раст на приходите”.

Тој понатаму додава, “Постои природен спој помеѓу податоците и аналитиката кои ги обезбедува платформата на Cognism и стратегијата која од нив може да произлезе за зголемување на приходите на големите компании. „Сакаме да ја покажеме оваа наша вредност во секторот и се надеваме дека соработката со Oliver Wyman ќе ни помогне уште побрзо да напредуваме и да продолжиме со силниот раст“.

- Advertisement -

Каи Упадек, партнер во Oliver Wyman за соработката вели: „Нашите клиенти постојано бараат начини да го забрзаат својот раст. Технологијата на Cognism ќе им обезбеди на нашите клиенти динамичен увид во постоечката база на клиенти овозможувајќи им да развијат попрецизни решенија и да ја подобрат продажбата. Истовремено, технологијата на Сognism ќе им овозможи на нашите клиенти да направат значителен напредок во барањето на квалификувани клиенти. Датабазата на Cognism од над 400 милиони компании и индивидуи, ќе им овозможи на нашите клиенти да идентификуваат потенцијални клиенти врз основа на детални профили (Buyer Persona) на нивните постоечки клиенти”. 

„Возбудливо е да се види колку брзо напредува Cognism и како влегуваат во сферата на опслужување на големи претпријатија. Преку развој на нивните решенија надвор од границите на продажната интелигенција со помош на машинска интелигенција, Cognism се позиционира како една од водечките компании во ова поле. Соработката со Oliver Wyman ќе му овозможи на Cognism да ги усоврши решенијата за подобро да ги задоволи потребите на големите претпријатија, со тоа зголемувајќи ги нивните приходи. Може слободно да кажеме дека сме горди што го поддржуваме Cognism на ова возбудливо патување“ изјави Татјана Забасу Микуж, менаџмент партнер во South Central Ventures.

- Advertisement -

Cognism е сеопфатна платформа за забрзување на продажниот процес, која на продажните тимови во компаниите им нуди поголема ефикасност во барањето на квалификувани клиенти (prospecting). Решението на Cognism, со неговата единствена база на податоци во согласност со GDPR, помага во збогатување на податоците за постоечките клиенти (CRM records), привлекување на нови потенцијални клиенти и идентификување на трендови во однесувањето на клиентите преку употреба на вештачка интелигенција. Cognism е компанија чиј примарен фокус е развој на технологии базирани на вештачка интелегенција која генерира бази на податоци за квалификувани клиенти и истите ги прочистува и збогатува со цел унапредување на продажните процеси кај продажните тимови во сите фази на продажбата.  Cognism е основан од Џејмс Исилеи и Стјепан Буљат, а досега во нив имаат инвестирано South Central Ventures,  Netcetera, Startup Funding Club, LCIF, Newable, Tsingbay Venture Capital, Tom James, James Hodson и други.

Oliver Wyman е глобален лидери во менаџмент консултанство. Има канцеларии во повеќе од 50 градови во речиси 30 земји. Компанијата комбинира индустриско знаење со специјализирана експертиза за стратегии, операции, менаџирање со ризик и трансформирање на организации. Има повеќе од 5.000 професионалци ширум светот кои работат со клиентите на оптимизација на нивните бизниси, подобрување на операциите и на профилот на ризик, како и на забрзување на перформансите за искористување на најпривлечните прилики. Oliver Wyman е во сопственост на Marsh & McLennan Companies. За повеќе информации посетете ја страницата www.oliverwyman.com.

South Central Ventures (SCV) e фонд за ризичен капитал со канцеларии во Загреб, Белград и во Скопје и инвестира во најактрактивните технолошки компании од Западен Балкан. Фондот Enterprise Innovation Fund, вреден 40 милиони евра, е специјално наменет за инвестиции во рана фаза и за раст. Има за цел да помогне во интернационално ширење на бизнисот и раст на компаниите со најголем потенцијал. За повеќе информации посетете ја страницата www.sc-ventures.com.

 

 

Сподели!
- Advertisement -