Меколи Калкин е глумецот кој пред 28 години сними хит филм кој секоја година се емитува во целиот свет за време на божиќните и новогодишните празници. Од Google дојдоа на идеја да го оживеат филмот и Калкин повторно да ги одглуми култните сцени од филмот „Сам дома“ (“Home alone”).
Станува збор за реклама за Google Assistant, а продуцентите на рекламата се погрижија сите детали од сценографијата да бидат идентични како на филмот. Рекламата само за неколку часа доживеа огромна популарност, а социјалните мрежи се преполни со коментари на одушевување. Некои велат дека рекламата ги направила носталгични, додека други тврдат дека се расплакале.
Во рекламата Кевин во идентични ситуации се бори со провалниците со помош на Google Assistant.
https://www.youtube.com/watch?v=xKYABI-dGEA