Netflix тестира неделна претплата во Австрија

- Advertisement -

Познатиот сервис за емтивуање видеосодржини Netflix во Австрија за тамошните корисници стартуваше ограничено тестирање на нови претплатнички опции. Станува збор за претплатнички модел кој наместо месечна, нуди неделнa претплата по цена од 2,49, 2,99 или 3,99 евра.

Оваа опција не е исплатлива од финансиски апскет, но затоа на корисниците им нуди поголема флексибилност доколку не сакаат континуирана претплата во текот на еден месец, туку повремено се заинтересирани за оддрлни осдржини кои ги нуди сервисот.

- Advertisement -

Бидејќи станува збор за ограничен тест, не е познато колку време ќе трае ни дали ќе биде вклучен во официјалната претплатничка понуда на пазарите каде што е достапен Netflix. Да потсетиме дека Netflix неодамна стартуваше тестирање на претплатнички модел исклучиво наменет за мобилни уреди и тоа во Малезија.

Сподели!
- Advertisement -