Компанијата за стратешко консултирање Interbrand ја објави ранг листата со најдобрите брендови за годинава Best Global Brands. И овој пат компаниите Apple и Google се најдоа на врвот на листата со најмоќни брендови шест години по ред
Според рангирањето, кое ја изразува вредноста на брендовите во долари, компанијата Amazon имала најголем раст. Од друга страна, General Electric изгубила најмногу од вредноста. Рангирањето е направено врз основа на три главни критериуми: 1. Финансискиот ефект на производите и услугите на брендот; 2. Улогата на брендот во носењето одлуки; 3. Конкурентската сила на брендот и неговата способност да ја задржи и да ја одржи побарувачката и профитот.
Овие се десетте најмоќни брендови од листата:
10. McDonald’s — вредност 43, 42 милијарди долари
Вредноста на овој гигант за брза храна падна за 5%.
9. Facebook — вредност 45, 17 милијарди долари
Социјалната мрежа имаше тешка година. Со оглед на се, вредноста падна за само 6%.
8. Mercedes — вредност 48, 6 милијарди долари
Со ваква проценка на вредноста Mercedes порасна за само 2% во однос на 2017 година.
7. Toyota — вредност 53, 40 милијарди долари
Вредноста на Toyota порасна за 6% во споредба со минатата година.
6. Samsung — вредност 59, 89 милијарди долари
Вредноста на овој бренд порасна за 6% во однос на минатата година.
5. Coca-Cola — вредност 66, 34 милијарди долари
Компанијата изгуби 5% од вредноста во однос на минатата година.
4. Microsoft — вредност 92, 72 милијарди долари
Софтверскиот гигант ја зголеми вредноста на брендот 16%.
3. Amazon — вредност 100, 764 милијарди долари
Вредноста на е-трговецот порасна за дури 56% годинава.
2. Google — вредност 214, 48 милијарди долари
Со раст од 10% минатата година, Google стигна многу блиску до врвот на листата.
1. Apple — вредност 214, 48 милијарди долари
Apple од минатогодишното рангирање порасна за 16%.