Игор Изотов: Битола станува нов стартап центар во државата!

- Advertisement -

Преда Плус Фондацијата во изминатите месеци го размрда заспаниот Пелагонски регион со проектот Eployouth кој креарира нов екосистем на стартапи со подршката низ бесплатни менторства која им ја пружи на заинтересираните апликанти. Игор Изотов, како главен координатор на тие обуки помина извесен период во Битола, создавајќи ја новата стартап приказна за регионот.

Новинар: Љубица Ангелкова
Фотограф: Кети Талевска

Како се случи “невозможното” и заспаниот Пелагониски регион за развој на стартап еко-систем да стане активен?

- Advertisement -

Изминатите години, Пелагонискиот регион и Битола како урбан центар беа комплетно на маргините кога станува збор за стартап тековите во државата и регионот. Беше тотално заспан регион.
Од друга страна, сите ние кои дојдовме од Скопје бевме фасцинирани од она што го има Битола како потенцијал за ИТ хаб, ја имаме планината, го имаме езерото, комбинација на убава природа и на убав град со образовани луѓе и интересен социјален живот. Не како во велеград, но како центар на интересни случувања.
Од декември минатата година почнав интензивно да доаѓам во Битола, запознав многу луѓе, меѓу кои и еден скопјанец кој дошол овде во 86тата година воЈавор информатика, позната фирма на големиот ЈУ пазар . Тоа била компанија – предвесник на Силиконска долина во тогашна Југославија, токму тука во Битола. Првиот компјутер требало да се продуцира тука.
Интересен е еден податок кој можеби е мит за некои, но имам информации дека е вистина. Во 80-те години Кина и Тајван биле во дипломатска војна. Југославија како социјалистичка земја и заради релациите со Кина не може да  увезува делови од Тајван за да се етаблира линија за производство на компјутери. Затоа овде тука во Битола, таа многу мала група на млади ИТ инженери прави планови како тие делови да се донесат до Солунско пристаниште, па потоа во Битола за да се склопуваат компјутери тука.
Чаршиски муабети?!? Не би рекол. Во тоа време битолчани од Љубљана се враќале за да работат во Битола, еве и родени скопјани доаѓале да работат во Битола во тој информатички центар на Јавор. Големи работи се случувале за Битола.

За жал претходните 20 години имаме спротивен процес. Ме изненади фактот Битола не си ги знае своите генијални претприемачи, па треба луѓе од Скопје или странство да дојдат и да поттикнат дебата на тема дека “И од Битола се може”.
Ние тоа со Преда Плус Фондацијата го направивме. Да се лоцираат успешните приказни, да се раскажат пред оние на кои им е потребен поттик или се некако заспани во личната бесперспективност.

- Advertisement -

Oткривме дека го имате Јордан Стојановски, кој работи како мини трејдер на берзата во Њујорк. Тој работи со софтвери за берзанска намена кој направи прв егзит со неговиот старт ап го направил во 2010 година. Тој е човекот кој беше сопственик на сајтот jordan.com и кој му го продаде на Мајкл Џордан во 2012 и направи богатство.
Го имате Тхе Мичо кој е артист и илустратор кој заработува продавајќи им го својот талент на познати светски компании, го имате младиот битолски Тесла кој работи харвдер, нешто што ретко која компанија го работи во Македонија. И тоа е за поздравување.

Изминатите четири, пет месеци патував од неколку светски точки каде што исто така работам и повеќе бев во Битола отколку во Скопје во овој изминат период. Гледав да донесам што повеќе експерти од дома и од странство. Да дојдат да разговаараат со младите луѓе кои имаат идеја. И на тој начин овие апликанти да ги придвижиме поблиску до она што значи бизнис свет.

- Advertisement -

Ова е еден од инцидентните примери развивање на старт ап еко систем да се случува надвор од скопската сцена. После неколку месеци работа тука, може ли да се каже дека проектот за кој работиш на Преда Плус фондацијата го направи вистинскиот чекор?

Ќе ги кажам бројките. На самиот старт, приказните за кои погоре Ви раскажував, а тоа се пет луѓе поврзани со Битола, со различни успешни приказни дојдоа да ги раскажат своите патишта на успех. На тој настан дојдоа повеќе од педесетина луѓе да ги слушаат, па потоа во релаксирана атмосфера да комуницираат. Сметам дека во Македонија имам проблем што не зборуваме помеѓу себеси. Ние сме мајстори за чаршиски муабети, за оговарање, зборуваме за фудбал, но не знаеме да разговараме за бизнис. Ете со овој проект сметам дека тој дијалог отпочна.

Структуриран дијалог имавме и на самите работилници. Секоја недела имавме различна работилница со дополнителни консултантски денови каде што се разговараше на одредени теми во бизнисот. Имавме и еден забрзан викенд на кој учевме за различни теми кои не ги опфаќа нашето стандардно образование. На пример, разговаравме со адвокати како да се отвори фирма, како да се заштити патент.  Со студентите и дипломираните млади луѓе се соочивме со следен проблем, тие  имаат идеи или се пред лансирање на сопствен бизнис и тоа правно не го канализираат како што треба. Користете ги повеќе адвокатите, за да ги заштитите сопствените бизниси.

Работевте со група на избрани слушатели, селектирани во програмата  Employouth  “И од Битола се може”. Од море на идеи требаше да се искристилизира една идеја која ќе се развие во бизнис план и ќе се презентира пред потенцијални инвеститори. Како успеавте да ги процените капацитетите  на тие млади луѓе, да ги доразвиете до одредено ниво, и да внимавате да не ги обесхрабрите на патот кон успехот или да не ги  префорсирате со ризик да изгорат во својата желба за успех?

Мислам дека се доаѓа со икуството. Јас оригинално сум менџамент консултант за големи интернационални комапнии, работев на отворање на првиот бизнис инкубатор во Македонија и требаше време за да се научам до каде може да се оди со вакви кревки и полетни компании. Почетокот е многу битен. Темелите да се изградат. Ние имаме образование кое е релативно лошо и тоа практично се покажува како голем проблем. Јас се образував во странство и дополнително се обучував со студиски посети во Индија, Израел и САД и сите тие искуства ги пренесувам овде.

Мој став е дека треба да се излезе од зоната на конфорот. Да не ги уплашиме новите претприемачи, но да ги извадиме на светлото на денот. Бизнис светот надвор од Балканот е мошне суров, ние тука живееме во еден вид на стаклено ѕвоно и време е тоа стаклено ѕвоно да се скрши. Така да гледав да бидам и со стапот, но и со морковот.

На Демо денот имаше евалуатори кои ги оценуваа бизнис плановите на апликантите .  Возрасната граница беше широка од средношколка, преку најмногубројните студенти, до луѓе кои веќе се испробале во бизнис, но планираат отварање на нови иновативни комапнии. Што покажаа оценките?

Средната оценка беше од 63 до 69 поени, а оние тимови кои што се вложија целосно во проектот, доаѓаа на предавања, следеа и работеа, добија и 80 поени.Поените не се клучен фактор. Може да бидеш просечен па да влезеш потоа во бизнисот со 5 брзина. Така што има и исклучоци.

Иновативноста се случува по принцип на среќа, на проактивност на некои луѓе или како сплет на околности на еден ваков систем. Клучно за успехот на една бизнис идеја е вистинскиот спој на тајминг и среќа. Ова го потврдуваат и големи светски инвеститори кои вложиле во многу стартап компании.

Твојата улога тука се заокружува. Успешна е приказната на Преда Плус Фондацијата. Деновиве го предадовте на ФИКТ клучот за старт на акцелераторот кој тие ќе го менаџираат. Кои се твои очекувања, кои препораки им ги даде?

Да ја следат програмата, колку што можат најдобро. Ги советував да прават модули на неделна основа, класични предавања од неколку часа, како и индивидуални сесии. Треба постојано да се следат параметрите на бизнис моделот и да се обезбедат колку што може повеќе ментори и искуства.

Зошто се важни акцелераторите за Универзитетите?

Убавината на акцелераторот како дел од универзитет е пристапноста до студентите. Светската статистика покажува дека успешните бизнисмени имаат во просек 39 години. Во Македонија е добро да ги размрдаме студентите. Стандарниот образовен модел не е многу во функција на развој на претприемништво. Тој ги подготвува студентите да работат за туѓ бизнис или да размислуваат за свој откако ќе завршат факултет. Убавината на акцелераторите е што студентите додека студираат ќе можат да развиваат свои бизнис идеи. Практично го имаат мигот да го почувствуваат тоа на својата кожа.  Добро е што овој центар ќе биде раководен од професионалци од бизнис секторот, на ќе биде блиску до стидентите.

Твојата улога тука е заокружена, “бебето е родено”, треба сега да прооди. Ќе фрлаш око кон Битола иако заминуваш на нова задача?

Очекувам бебето многу брзо да прооди. Поставивме систем кој е лесно да се имплементира и навистина ќе се радувам на успесите. Добија многу знаење имаат и лично искуство, а ќе додадат и нивен шмек.
Наредна дестинација ми е Чикаго, каде ќе работам во еден од водечките  инкубатори во светот „1871“, насловен по годината на големиот пожар во Чикаго. Компанијата се вика вика Фјучр фаундерс, акселератор за млади Американци од 18 до 30 години.

Сподели!
- Advertisement -