Ова се најпопуларните градови на Airbnb за 2019 година!

- Advertisement -

Повторно дојде периодот од годината кога сите љубители на патувања планираат нови авантури за 2019 година. Airbnb е тука за да помогне во одлуката со својата листа со најдобрите дестинации за 2019 година. На врвот на листата е Каикура (Нов Зеланд), потоа Шиамен (Кина) и Пуебла (Мексико).

Airbnb направи листа со дестинации според интерните податои од кои се забележува пораст на разервациите, пребарувањата и списоците со желби на корисниците направени во 2018 година за 2019 година. Во однос на оние направени во 2017 за 2018 година.

- Advertisement -

„Многу дестинации, како што се Каикура и Пуебла, уште се опоравуваат од потресите и пожарите кои ги погодија“ изјавија од Airbnb, но токму тие природни катастрофи можат да привлечат туристи на тие дестинации, додаваат.

Крајбрежниот град Каикура, кој е најпознат локалитет во Нов Зеланд, во 2016 година беше погоден од земјотрес со јачина од 7,8, но оттогаш е забележан пораст на резервациите од 295% и пораст на пребарувањата за 210%. Благодарение на можноста за онлајн резервации на превозот посетилите можат да видат фоки и останат морски живот во тој историски град.

- Advertisement -

На второ место на листата на Airbnb е Шиамен, кинески град кој оствари пораст од 238% на резервациите. Шиамен е идеален за љубителите на морската храна, кои според Airbnb, овозможуваат едноставен пристап до околните острови, меѓу кои и островот кој е под заштита на УНЕСКО, Кулангс.

Мексиканскиот регион Пуебло се наоѓа на два часа возење југоисточно од Мексико Сити, а се наоѓа на трето место на листата на Airbnb со пораст од 240% на пребарувањата во однос на минатата година и зголемување на списоците со желби за 206%. Како и Каикура, регионот се опоравува од потресот во 2017 година и неодамна почна обновувањето на архитектонските атракции. Градот Пуебло, главниот град на регионот, е на четврто место по големина во Мексико со повеќе од 350 цркви.

- Advertisement -

Ова е целосната Аirbnb листа со топ дестинации за 2019 година:

1. Каикуа, Нов Зеланд

2. Шиамен, Кина

3. Пуебла, Мексико

4. Нормандија, Франција

5. Смоуки Маунтинс, САД

6. провинција Буенос Аирес, Аргентина

7. Акра, Гана

8. Мозамбик

9. Надворешни Хебриди, Шкотска

10. префектура Вакајана, Јапонија

11. планини Кетскил САД

12. долината Хадсон, САД

13 Санта Катарина, Бразил

14. Батуми, Грузија

15. Винипег, Канада

16. Пондишери, Италија

17. Узбекистан

18. Калабрија, Италија

19. Андалузија, Шпанија

20. Тајван

 

Сподели!
- Advertisement -