Со новиот закон за инспекциски надзор креираме поповолна клима за економски развој

- Advertisement -

Интервју со претседателската на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска за порталот “Бизнис регулатива“ за новините во инспекцискиот надзор кои се предвидени со новиот закон за инспекциски надзор кој се очекува да биде донесен на почетокот на oваа година.

Кои се клучните новини предвидени со новиот закон?

Со оглед на тоа дека инспекцискиот систем има големо влијание на инвестициските одлуки кои што ги носат компаниите од аспект на развој на бизнисот, градење нови објекти, вработување нови лица итн, повеќе од јасно е дека е неопходно  инспекцискиот систем да претрпи реформи. Факт е дека инспекциите влијаат врз растот и развојот на економијата во државата. Од таа причина, се процени дека има потреба од нов закон. Делумно за да се воведат некои нови механизми, коишто ќе придонесат за растот и развојот на економијата. Но, самата реформа ниту почнува, ниту завршува со овој закон. Одлично е што во исто време се носи нов закон за прекршоци затоа што огромните глоби кои се изрекуваа досега беа една од причините кои негативно влијаеа на економскиот раст и развој. Генерално, реформата треба да има една поголема цел, односно да се измени начинот на перцепција и на размислување од страна на инспекциските служби. Својата цел на работа да не ја гледаат само во стриктното спроведување на законите, наоѓање на пропусти во работењето на субјектите и изрекување на казни, туку како цел на нивната работа да се постави обезбедување на безбедноста на граѓаните, животната средина, развојот на економијата, намалување на ризици во различни области. Доколку се постави таква цел, нормално и очекувано е дека до израз ќе дојде и советодавната улога на инспекциите.

Ова е еден многу поопсежен процес. Од една страна го имаме новиот закон за инспекциски надзор, од друга страна наредна година ќе се спроведува процесот на реорганизација на целата администрација, вклучително и на инспекциските служби. Зошто? Затоа што во пракса се случува за одредена дејност да се дуплира надлежноста на повеќе инспекциски служби коишто имаат или тврдат дека имаат надлежност. Тоа креира несигурноста кај фирмите. Не знаат која  инспекциска служба може да дојде и да побара надзор и каква документација ќе побара. Се надевам дека таа реорганизација многу ќе придонесе за севкупната реформа и јасно поставување на надлежностите на сите инспекциски служби.

- Advertisement -

Што е со сегашните check листи и колку вие сте задоволни од тоа колку се користат од моментот кога се издадени досега?

-Колку што сум јас информирана, овие листи за проверка се за осум области. Да, располагам со информации дека голем број на субјекти ги користеле. Неспорен е фактот дека тоа е релевантна бројка на субјекти коишто ги користеле, исто како што е неспорен фактот дека ова искуство и овие листи треба да бидат земени предвид особено затоа што законот сега предвидува обврска на инспекциските служби да ги користат како официјални, задолжителни и јавно достапни документи. Тие ќе ги користат како инструмент при реализирање на редовните надзори. Мислам дека би било исклучително корисно да се земе предвид досегашното искуството како една појдовна основа, но допрва ќе се прецизира нивната примена. Допрва ќе се решава дали тие листи за проверка ќе се прават според дејности или според области, за да може фирмите да си ја проверат усогласеноста и да се информираат која инспекциска служба врши надзор.

- Advertisement -

Дали овие листи за проверка коишто веќе се изработени ќе бидат искористени за да не се дуплира работата?

Зошто не би биле искористени? Тоа е една одлична појдовна точка и некој сепак вложил труд. Можеби на крајот и ќе дојдеме до заклучок дека најдобро би било да одиме по области, па ќе се искористи и поголем дел од ова што досега е сработено. Меѓутоа, пак останува првенствено да се искоординираме со инспекциските служби бидејќи досега го слушнавме ставот на бизнис заедницата и знаеме дека сметаат дека за нив е подобро да биде по области, но сега да слушнеме што има да каже другата страна. Целта е на сите да им се олесни овој процес.

- Advertisement -

Кога ќе бидат готови листите за проверка, како тие ќе фунцкионираат на терен? Ќе бидат ли јавно објавени?

Како што кажав, ќе бидат првенствено законска обврска, што е новина затоа што досега има неколку инспекциски служби коишто си имаат изготвено check листи, меѓутоа тие не се задолжителен елемент во вршењето надзор. Значи, првата промена е што ќе бидат законска обврска за секоја инспекциска служба. Втората работа е она што слогласно законот тие ќе бидат јавно достапни. Целта со ова законско решение при вршење на планираните редовни надзори е заедно со известувањето за надзор да се достави и листата за проверка пред да биде извршен надзорот. Законот дава можност во ситуација кога инспекторот ќе процени дека не е неопходно физички да присуствува на надзорот, да може да ја достави таа check листа и да побара да му биде вратена назад соодветно пополнета и поткрепена со пропратна документација што ги потврдува дадените одговори. На тој начин се дава можнсот од една страна да не се оптоварува или прекинува процесот на работење на субјектот и  да се избегне притисокот.  Едновремено, ќе се заштедат ресурси и на инспекциските служби. Другата цел на овие листи е да се избегне различното толкување и различното постапување од страна на инспектори од еден ист инспекторат во различни региони.

Со самото воспоставување на check листите ќе биде дадена рамка што треба да провери инспекторот, а субјектот на надзор во секој момент ќе знае што може да му биде побарано. И третата придобивка од check листите е тоа што сите субјекти ќе можат да извршат самооценување на својата работа и да утврдат дали имаат пропусти. И без да имаат најава за инспекциски надзор самите да си проценат дали ги исполнуваат сите барања коишто се очекуваат. Најголемиот дел од микро, малите и средните претпријатија всушност сакаат да работат согласно законските правила, но поради ограничените човечки и финансиските ресурси не им е јасно кои се закони ги засегаат кога работат во одредена дејност. Со тоа што можат да направат самопроценка ќе бидат растоварени од притисокот дека кога ќе дојде инспекторот ќе се најде некаква грешка во работењето. Кога на ова ќе се додаде и опомената, практично се создава солидна законска основа за реформирање на целиот инспекциски систем и на различниот пристап. Опомената се предвидува за прв пат во законот за инспекциски надзор како своевидна мерка. Целта е она за што приватниот сектор со години наназад реагира – дека не е потребно и неиздржано е да се изрекуваат глоби за минорни прекршоци. Она кон што се стремиме е опомената да биде првата мерка која ќе се изрече во случај да се утврдат некои недоследности коишто не го загрозуваат јавното добро, животот и здравјето на граѓаните и не ја загрозуваат животната средина. Кај таков тип неусгласености не можеме да се држиме само до опомената. Токму со опомената  ќе дојде до израз советодавната улога на инспекторите.

Во насока на намалување на субјективноста на инспекторите се воведува и еден нов механизам при изборот на фирми во кои ќе се врши надзор, а тоа е  процена на ризик. Пронката ќе се прави врз основа на дејноста со која се занимава формата, претходно искуство со инспексицки надзор и слично. Врз основа на тоа фирмите ќе се рангираат според ризичност и ќе се намали субјективноста на инспекциските служби при планирање на надзор. Колку е помал ризикот толку е помала шансата за вршење надзор. Овие критериуми ќе бидат разработени со подзаконски акти. Но, најголеми резултати ќе постигнеме кога ќе се воспостави софтверот кој ние го нарекуваме е-инспекција. Тој софтвер во кој ќе бидат вклучени сите инспекциски служби, ќе се наполни со податоци за сите правни субјекти. Овој систем ќе ги селектира фирмите според нивната ризичност и  тогаш инспекторите директно од системот ќе добиваат листа на фирми во кои ќе треба да се прави надзор. Со ова целосно ќе се отстрани човечкиот фактор и ќе влее доверба кај приватниот сектор. За почеток, системот ќе го истестираме во еден пилот-проект кој ќе опфати неколку инспекциски служби.

Кои се другите новини кои ги носи новото законско решение?

Јасно прецизирање на правата и обврските и на инспекторите и на субјектите кои се предмет на инспекциски надзор.  Новина е воведувањето на обврската инспекторите да чуваат деловна тајна до која може да дојдат при работата и одговорност ако ја издадат истата.

Се менува целосно и концептот за влегување на некоја личност во инспексицка служба. Се воведува едногодишна пракса која вклучува 3-месечна обука за законите и 9 месечна практична обука под менторство на поискусен колега. Потоа е полага испит па ќе се стекне со лиценца. Со ова ќе се стави акцент на квалитетна обука на инспекторите поквалитетно да ја вршат својата работа. До 2020 година една петтина  од вкупниот брј на инспектори ќе заминат во пензија и затоа е неопходно многу бргу да реагираме. За самата професија да стане поатрактивна предвидени се додатоци на платата, со оглед на тоа на какви ризици се изложени неопходно е нивната плата да биде поразлична од онаа на останатите административни службеници.

Со новото законско решение се менува и позицијата на Инспекцискиот совет, чија цел теба да биде првенствено координација на инспекциските служби, давање на соодветни мислења за законите кои навлегуваат во инспекциски надзор и да се грижа да не дојде до нивно преклопување.

Сподели!
- Advertisement -