Македонскиот Центар за Биоинформатика лекува тешки болести без примена на класични лекови

- Advertisement -

Татјана Илиевска и Кристијан Давидовски од Centarot za bioinformatika во Скопје во разговор за Иновативност ни раскажаа како функционира регенеративнатa медицина која се практикува во овој Центар и какво е искуството од нивното 3-годишно функционирање во Македонија

Разговараше- Верица Јорданова

Биоинформатика е наука која се занимава со проучување на софтверските системи на биолошките организми. Тоа вклучува декодирање, зачувување, модулирање и пренесување на биолошки активни софтверски бази. Применетата биоинформатика, пак, подразбира употреба на биолошки активни клеточни софтверски програми во медицински цели. Поточно, тие се наменети за лекување и излекување на патолошки состојби кај сите живи организми.

- Advertisement -

Татјана Илиевска и Кристијан Давидовски од Центарот за биоинформатика во Скопје во разговор за Иновативност ни раскажаа како функционира оваа регенеративна медицина и какво е искуството од нивното 3-годишно функционирање во Македонија. Велат дека во светски рамки на биоинфоматиката се посветува големо внимание поради фактот дека овозможува перспектива како ниедна досега позната медицинска гранка. Илиевска и Давидовски велат дека ова е медицината на иднината.

Може ли да ни објасните што точно е биоинформатика?

- Advertisement -

Биоинформатиката во некои земји во светот се нарекува комплементарна алтернативна медицина, иако всушност тоа е регенеративна медицина. Во Европа или САД регенеративната медицина не може да се регистрира, односно не постои како концепт. Во Македонија, пак, законот предвидува своевиден компромис и оваа област ја нарекува биолошка информатика или комплементарна алтернативна медицина. Центарот е лиценциран од Министерството за здравство и работи повеќе од три години.

Биоинформатиката всушност е начин на корекција на човечкиот софтвер. Во иднина ова ќе биде нормален начин на лекување. Во превод, ние се занимаваме со програмирање односно со чување, креирање, декодирање и модулирање на човечкиот софтвер. Преку него може да влијаеме на било кој систем, орган или функција на даден орган во организмот. Доколку некој човек има дисбаланс во организмот, на пример, му недостасува инсулин, класичната медицина го лекува на тој начин што му додава инсулин. Но, тоа не ја менува или подобрува функцијата на панкреасот, бидејќи препаратот не му се обраќа на панкреасот за да ја смени функцијата и да почне да функционира. Биоинформатиката не дава инсулин, туку на организмот му дава носач на информација. Тоа се прави со неутрален калај, маслиново масло или гел, на кои се запишани информации на истиот програмски јазик на кој зборуваат клетките на панкреасот, преку кои му се кажува како да се излекува и како да ја поврати нормалната функција.

- Advertisement -

Ако човечкиот организам го замислиме како софтвер, објаснете ни како се создава и како се пренесува информацијата?

Може да направиме паралела со програмските јазици. Како што програмерот знае која информација да ја впише во компјутерот бидејќи ги знае програмските јазици, така и клетките на органите може да кажеме дека зборуваат на одредени јазици. Познавајќи ги тие „програмски јазици“ биоинформатиката им се обраќа на клетките на одредени органи, ги дијагностицира проблемите и им враќа информација како да го вратат нормалното функционирање. Преносот на информацијата се врши преку медиум. Тоа најчесто се калајот, маслиновото масло и гелот, кои се само пренесувачи на предходно детерминирана информација.

Од досегашното искуство, какви се резултатите од лекувањата?

Резултатите, во однос на општо прифатената медицина се феноменални. На пример, никаде не постои лек за алергија, а ние го имаме, не само како лек туку како подготвен препарат во една или три дози. Споредено со класичната медицина, лековите само ја одржуваат состојбата, додека биоинформатиката нуди лек кој комплетно ја лекува алергијата. И не само оваа состојба, туку нуди  решенија и за регенерација на нервниот систем, на нервите на одредени органи, регенерација на органи заболени од патолошки состојби итн. Се третираат луѓе со многу тешки заболувања, карциноми, автоимуни заболувања, деца со аутизам, генетски заболувања, поточно сѐ што класичната медицина смета за неизлечива болест, биоинформатиката го третира со одлични резултати. Процентот на излекување на карциноми се движи меѓy 60 и 70 отсто. Феноменални резултати дава и кај генетските заболувања и автоимуните болести, каде што има дегенеративни оштетувања на органи, каде е постигната регенерација, што е снимено со класични компјутерски или магнетни методи.

Центарот има подготвено 27 готови препарати кои се наменети за третман на исто толку состојби. Тие чинат од 750 до 3.000 денари и се препарати за трајно надминување на тие состојби.

Што конкретно лекуваат тие препарати?

Едно до три шишенца маслиново масло, како носач на информации може трајно да излекува алергија. Исто така може да се направи регенерација на дискус хернија, дископатија, лумбоишијалгија, се лекува и периартрит, хемороиди, гастритис, регенерирање на зглоб на колено и друго. Има и гел за регенерација на кожата на вратот и лицето, а сите олабавени мускули се затегнуваат и за само неколку дена се забележуваат резултати. Истото важи и за гелот за целулит и за акни. За спортистите има посебно решение, кое се аплицира 30 минути пред спортување ја подигнува кондицијата и издржливоста за најмалку 50 отсто.

Како изгледа прегледот и лекувањето со биоинформатика?

Прегледот е всушност скенирање. Неинвазивен метод што подразбира компјутерско мерење на импулси, односно на акцискиот потенцијал на мембраната на клетките на сите органи, со што добиваме увид на состојбата на секој орган поединечно. Со прегледот се утврдува дали функцијата на органот е зголемена или намалена, но и многу повеќе други информации. Врз основа на тоа се добива општа слика за целиот организам која ни е потребна за да му дадеме информации и инструкции за да се вратат сите функции во нормала. Прегледот трае од 15 минути до два часа.

Полето каде што најмногу работиме е регенерацијата. Поточно, со помош на биоинформатиката можеме да го активираме софтверот за регенерација во било која клетка. Знаеме дека црниот дроб и кожата имаат можност да се регенерираат, а тоа значи дека кај сите клетки постои софтверот за регенерација, но треба да се знае како да се активира. Тоа успешно го прави биоинформатиката, дури и кај некои генетски заболувања, кај кои по ниедна логика според класичната медицина не би требало да има резултати. Штом во тие случаи биоинформатиката има успех, тоа значи дека регенерацијата е можна кај секој орган.

Применета Биоинформатика – иднината на лекувањето

Применета Биоинформатика – иднината на лекувањето

Posted by Centar za Bioinformatika on Понеделник, 18 февруари 2019

Сподели!
- Advertisement -