Децата во Сингапур повеќе нема да се рангираат според оценките

- Advertisement -

Сингапур долго време постигнува одлични резултати во образованието преку методи како постојаното повторување и учењето долги часови за да се постигнат одлични резултати на тестовите Но, сега врти нова страница и го менува пристапот во образованието.

Дебатите, домашната работа и квизовите ќе ги заменат оценките како префериран метод на собирање информации за перформансите на учениците во основните училишта. Почнувајќи од 2019 година, нема повеќе да има тестови за децата од прво и второ одделение.

- Advertisement -

Поголемите ученици во основните училишта исто така ќе учат во помалку конкурентна средина. Оценките за секој предмет ќе се заокружуваат на најблиската цела бројка без децимали со цел да се намали фокусот на академскиот успех.

„Учењето не е натпревар“ вели Онг Је Кунг, министер за образование на Сингапур. Министерството за образование на земјата планира да направи низа промени со цел да се стопира споредбата меѓу способностите на учениците и да се поттикнат децата да се фокусираат на сопствениот напредок и развој.

- Advertisement -

За таа цел во дневниците од основните и средните училишта нема повеќе да се наведува успехот на учениците, додека просекот од еден ученик и од класовите, вкупните оценки и минималните и максималните оценки повеќе нема да постојат. Во дневниците нема да има ни намaлени оценки или резултати од паднати или положени тестови.

Овој нов пристап на Сингапут е чиста спротивност на околните држави кои ја следат Интернационалната програма за оценување на Европската банка за обнова и развој.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -