НАСА откри гасовита планета трипати поголема од Земјата

- Advertisement -

Мисијата Tess на НАСА има задача да трага по планети кои се движат околу најблиските ѕвезди. Новооткриените светови ќе станат таргети за телескопите кои бараат знаци на живот. Откако почна со истражување на вселената во јули минатата година проектот Transiting Exoplanet Survey Satellite предводен од МИТ откри повеќе егзопланети и супернови.

Најновото откритие е егзопланетата наречена HD 21.749b, која има најдолг орбитирачки период од 36 дена. Орбитира околу блиска ѕвезда џуџе која е оддалечена околу 53 светлосни години и се претпоставува дека има површинска температура од околу 150 степени Целзиусови. Според научниците, ова е најладната планета која орбитира околу толку сјајна ѕвезда.

- Advertisement -

Новата планета е околу трипати поголема од Земјата, што значи дека поголема е веројатноста да биде гасовита отколку карпеста  и има погуста атмосфера од Нептун и од Уран. Tess ќе помина околу две години истражувајќи 200.000 од најсјајните ѕвезди блиску до Сонцето за да најде планети надвор од нашиот Сончев систем.

Сподели!
- Advertisement -