Токио ќе постави роботи во метрото за да им помагаат на посетителите на Олимписките игри 2020

- Advertisement -

Јапонија ќе постави роботи во подземната железница вo Токио за да им помагаат на туристите во пресрет на Олимписките игри во 2020 година. Роботите се од моделот Arisa висок 182 см и на патниците со метрото ќе им даваат насоки и ќе им го покажуваат патот до тоалетите.

Токио се соочува со голем прилив на туристи во пресрет на претстојниот интернационален настан, чии домаќини ќе бидат по втор пат после 1964 година. Популацијата која е се постара и ниската стапка на прираст резултираа со недостиг од работна снага, па се јави и потреба од полиглотите Arisa за да се справуваат со странските туристи.

- Advertisement -

Овој робот со огромни очи има екран на допир и зборува јапонски, англиски, кинески и корејски. Не само што може на посетителите да им помогне со информации за локалните туристички атракции, туки позира и на фотографии доколку некој побара да се сликаат.

- Advertisement -

Arisa е дело на јапонската технолошка компанија Aruze Gaming и на чикашкиот THK и веќе ги импресионираше Јапонците со својот лесен и брз интерфејс. Во текот на минатата година беше тестиран на метро станиците Уено-Окачимачи и Точомае. Организаторите на игрите велат дека се подготвени за второ тестирање на шест други станици во текот на февруари годинава.

Сподели!
- Advertisement -