Најдобри апликации за успешна година

- Advertisement -

На пазарот постојат многу апликации кои можат да ни го олеснат секојдневието, но и да ни помогнат да го подобриме здравјето, финансиите, образованието и др. Некогаш е тешко да се изберат апликациите кои треба да ги инсталирате, но ако сега ги барате некои кои ќе ви помогнат ова да биде најдобра година досега, Inc.com ќе ви помогне во тоа. Еве кои апликации ги издвоија, од кои најголем дел се бесплатно достапни на Аndroid и iOS платформите.

Продуктивност и организација

- Advertisement -

Mind Meister (бесплатно за iOS, Web, Android): Ако често ви доаѓаат идеи додека сте во движење и не сакае да ги заборавите, ова е апликација за вас. Било да организирате некаква забава или настан во фирмаа, Mind Meister ќе ви помогне да ги организирате своите мисли во една мапа. Добро е и што можете да споделувате со други, па лесно можете да работите тимски.

Rescue Time (бесплатно за iOS, Android): Ова е апликација дизајнирана да ви помогне да останете организирани и во тек со настаните. Точно ви покажува колку време сте поминале онлајн и што сте гледале.

- Advertisement -

Reminders (бесплатно за iOS): Ова е една од најпрегледните апликации. Овозможува едноставно да ги подесите потсетниците за лесно да проверувате. Ако користите iCloud или компјутер на Apple, апликацијата автоматски се синхронизира.

Финансии

- Advertisement -

Clarity (бесплатно за iOS, Web, Android): Оваа апликација е одлична за да видите каде одат парите. Овозможува да ги поделите сите категории за кои трошите пари како што се храната, пијалаците, сметките и сл. Можете да ги поврзете и сите банкарски сметки, кредитни картички и инвестиции на едно место.

Начин на размислување

Unplug Guided Meditation (бесплатно за OS): Ова е апликација за медитација која се базира на видеа поделени по категории. Има различни нивоа на вежбање, а можете и да си задавате цели. Можете да го одредите денот и времето кога сакате да медитирате, а апликацијата ќе ве потсети и ќе го следи напредокот.

Insight Timer (бесплатно iOS): Insight Timer има огромна количина целосно бесплатни водичи за медитација со инструктори од целиот свет.

Образование, мотивација и инспирација

Peptalk (бесплатно за iOS): Овде можете дневно да добивате мотивација и инспирација. Апликацијата има многу плеј листи кои можете да ги сортирате за да добиете мотивација за што и да ви треба.

Podcasts (бесплатно за iOS): Овде ќе најдете снимки кои ќе ви овозможат да научите нови информации додека сте во движење. Можете да ги користите додека возите и да учите разни области од типот на маркетинг, наука, фитнес, продажба и сл.

Здравје

Sleep Time (бесплатно за iOS): Дали некогаш сте се запрашале колку време навистина спиете? Оваа апликација може да ви каже. Таа следи колку долго и колку квалитетно спиење. Има и цела библиотека со звуци кои опуштаат за да заспиете побрзо.

Сподели!
- Advertisement -