Apple во 2019 година ќе претстави три нови iPhone, а еден од нив ќе има три камери

- Advertisement -

Apple до крајот на годинава планира да претстави три нови iPhone – наследникот на iPhone XR со LCD екран и уште два други уреди. На крајот на годината американскиот технолошки гигант ви требало да открие iPhone со систем од три камери, што претставува нова пазарна борба со Android уредите со повеќе камери.

Не е познато што ќе овозможува дополнителната камера на задната страна, но информациите за тројната камера секако со одушевување ги дочекаа љубителите на iPhone. Наводно, Apple размислува и своите идни модели на iPhone да ги опреми само со OLED екрани. Овој потег би ја зголемил продажната цена на iPhone,  што би имало дополнителни негативни ефекти врз намалување на продажбата на овие мобилни уреди.

- Advertisement -

Колку за потсетување, од Apple неодамна предупредија дека би можеле да имаат за 9 милијарди намалени приходи од продажба на iPhone во последниот квартал поради послабата побарувачка.

Сподели!
- Advertisement -