SpaceX сака да отпушти 10% од вработените за да избегне банкрот

- Advertisement -

Компанијата задолжена за вселенски летови, SpaceX, најави дека ќе мора да „се раздели“ од некои од своите вработен поради глемите предизвици кои и претстојат. Како што пренесува Reuters, SpaceX ја правда таквата одлука со потребата за намалување на трошоците за да не ризикуваат банкрот.

Иако од SpaceX не наведуваат некои конкретни финансиски проблеми, јасно е дека вселенската трка со други приватни компании ги исцрпи. Кон крајот на 2018 година вредноста на SpaceX беше проценета на 30,5 милијарди долари, но имаа и големи планови за следните неколку години.

- Advertisement -

Пред еден месец го лансираа првиот американски военонавигациски сателит, а во план им е и да испратат ракета на Марс до 2022 година и првата човечка мисија на Марс до 2024 година. Но, за тоа ќе бидат потребни големи финансиски средства, па компанијата на Маск уште отсега се подготвува за тоа.

 

Сподели!
- Advertisement -