Дизајнот на хрватското маслиново масло Chiavalon меѓу најдобрите во светот

- Advertisement -

Packaging of the World го стави дизајнот на пакувањето на маслиновото масло Chiavalon, дело на агенцијат Bruketa&Žinić&Gray, меѓу најдобро дизајнирани амбалажи на годината

Во изминатите десет години од своето постоење Packaging od the Worldпрерасна во еден од водечките светски блогови посветени на дизајнот на пакувањата, а проектите кои ги објавуваат месечно ги прегледуваат околу милион читатели.

- Advertisement -

“Нашата фамилија сакаше поинтензивно да го комуницира потеклото на своите маслинови масла и спојот на традицијата, современата технологија и уметноста на своето производство”, изјави Tedi Chiavalon. “Специјалното издание на пакувањата за маслиновото масло Chiavalon е инспирирано од традиционалната архитектура и уметност во Истра, филмот, музиката и муралите, комбинирајќи го историското и современото наследство”.

- Advertisement -

Освен тоа, Chiavalon е единственото маслиново масло на светот и единствениот проект од регионот награден на натпреварувањето WorldStar. Се работи за натпреварување кое постои од 1970 година и е организиранo од Светската организација за пакување, основана во 1968 година во Токио. Овој пат на натпреварот учествуваа 35 земји, а меѓу наградените се Coca-Cola, Pepsi, Sony, LG, Dove и Tetra Pak.

- Advertisement -

Амбалажата на Chiavalon доби пет награди, а три на меѓународно ниво.

Маркетинг365

 

Сподели!
- Advertisement -