ВИДЕО: Nike направи патики чии врвци се врзуваат со паметен телефон

- Advertisement -

Nike постојано прави футуристичка спортска облека и обувки, а најновиот нивен таков производ се патиките Nike Adapt, кои сами се врзуваат и се прилагодуваат на стапалото преку апликација за паметен телефон. Со оглед на тоа дека новите hi-tech патики ќе се продаваат по цена од 350 долари, Nike сака прво да провери каков би бил интересот на пазарот за нив, па сите заинтересирани ги замолува да се јават преку овој линк и да остават своите контакт податоци за да бидат први информирани за стартот на продажбата.

Новата линија патики Nike Adapt ќе биде достапна во модели за бројни активности и спортови, а првиот модел е наменет за кошаркари, како што можете да видите и од видеото во прилог. Ерик Авар, креативниот директор за иновации во Nike, вели дека во текот на кошаркарските натпревари се менува стапалото на играчите, па можноста патиките да го намалуваат стисокот за зголемен проток на крв и потоа повторно да се прошируваат поради подобри перформанси претставува клучен елемент за унапредување на искуството на кошаркарите.

- Advertisement -

Корисниците на патиките преку апликација од паметен телефон можат да регулираат колку ќе бидат тесни патиките, па пред натпреварите може да бидат поопуштени, а кога ќе влезат во игра едноставно да се притегнат, додека при одењето на клупа повторно да се разлабават.

Сподели!
- Advertisement -