5.1 C
Skopje
среда, декември 11, 2019

Брод направен од 30.000 парчиња апостолки ќе тргне на експедиција за да ја подигне свеста за загадувањето

Kabtel desktop

Брод направен целосно од пластичен отпад ќе тргне на пловидба по Индискиот Океан за да ја подигне свеста на луѓето за опасноста на загадувањето со пластика на океаните. Шарениот брод Flipflopi е направен со пластичен отпад собран од плажите во Кенија. Долг е 9 метри, а е направен од 30.000 апостолки. Тој ќе плови 500 км од Ламу до Кенија.

Екипажот на бродот планира да застане кај попатните населби и да се обиде да го смени мислењето на луѓето за користењето пластика за еднократна употреба. Идејата за бродот дојде од експерт за дизајн од Школата за дизајн на Универзитетот Нортумбрија за да се стави фокусот на потенцијалот за реупотреба на овие штетни материјали.  

Експедицијата има за цел да ги поттикне луѓето да го рециклираат пластичниот отпад. Тимот се надева дека ќе помогне да се сопре приливот на пластичен отпад во океаните, кој годишно изнесува 12 милиони тони.Според проценките, ако продолжиме со ова темпо, до 2050 година во океаните ќе има повеќе пластика отколку риби. Само 9% од 9 милијарди тони пластичен отпад кој го произвел светот од создавањето на пластиката до денес се рециклирани. Најголем дел од пластичните предмети се фрлаат после првата употреба и завршуваат на депонии. Само 20 од вкупно 192 земји во светот имаат воведено забрани за производи од типот на пластични кеси, чинии, чаши, кутии и материјали како полистирен.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •