Шпанија ќе им плати 1,4 милијарди евра на земјоделци за да не го обработуваат земјиштето

- Advertisement -


Националните и регионалните власти во Шпанија потпишаа договор за инвестирање 1,4 милијарди евра во областа околу Националниот парк Доњана за да се спречи целосно исушување поради користење на вода за наводнување.

Националниот парк, кој е на листата со светско наследство на УНЕСКО, е дом на диви коњи, царски орли, рисови, желки и милиони птици преселници, кои мигрираат од Африка во северниот дел на Европа. Еколозите долго време предупредуваат дека екосистемот на паркот е загрозен поради земјоделството и со туризмот, а ситуацијата се влошила поради климатските промени и долгите суши.

- Advertisement -

Претседателот на регионот Андалузија, Хуан Морено, изјави дека на земјоделците ќе им биде платено да престанат да го обработуваат земјиштето воо близина на Доњане и наместо тоа да го пошумат. На земјоделците кои ќе сакаат да продолжат да го обработуваат земјиштето, тоа ќе им биде дозволено, но ќе мора да преминат на еколошки начини на огледување посеви прилагодени на сушно земјиште.

Андалузија се обврза со договор да го откаже проширувањето на наводнувањето во близина на Доњане. Министерката за еколошка транзиција, Тереза Рибера, изјави дека целта е земјоделците да престанат да ги наводнуваат полињата кои ги обработуваат со вода од подземните резерви, кои со години прекумерно ги експлоатирале и со тоа загрозиле една од најголемите водени резерви во Европа.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -