Откако Xiaomi се појави на пазарот со таа компанија редовно се врзува еден епитет – го нарекуваат кинески Apple. Има повеќе причини за тоа – од меѓусебната сличност на уредите до имиџот на првиот човек на компанијата, Леи Јун, кој инспирација за облекувањето и презентацијата на уредите најде во легендарниот Стив Џобс.
Токму затоа и не е чудно што нивните фанови чекаат во долги редици уште рано наутро за да бидат меѓу првите кои ќе го купат саканиот уред. Така беше и во Париз додека се чекаше на официјалното отворање на новата Mi Store, која е најголема во Европа.
Имаше долги редици во кои фановите на брендот стоеја од рани зори, иако отворањето беше најавено за дури 13 часот. Како што беше случај и со неодамна отворената продавница во Загреб, така и во париската продавница ќе може да се купат голем број уреди на Xiaomi – од мобилни телефони, паметни ваги, слушалки, USB полначи, роботски правосмукалки се до електрични скутери и паметни кујнски апарати.
Новата продавница Mi Store во Париз е отворена со слоганот „It’s time to redefine luxury”, кој се потврдува со избраната локација – сместена е на Елисејските полиња, кои се симбол на велеградски раскош со улични кафеаби, луксузни продавници, хотели, ресторани, театри, раскошни палати итн.